Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Повеќе од 24 часа ја нема исчезнатата Вања – потрагата продолжува

Уште еден обичен училишен ден за 14-годишната Вања.  Утро, тргнува кон училиште.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште еден обичен училишен ден за 14-годишната Вања.  Утро, тргнува кон училиште.

7:20 Вања излегува од својот дом и се упатува кон училиштето. Има 10-тина минути да стигне до училиштето што и е доволно.

Упатена кон Основното Училиште „Песталоци“, пешачи по прометни улици во период кога многу луѓе одат на работа, а има и голем сообраќаен метеж. Сигналот од телефонот и се губи неколку минути по 7 и пол, во непосредна близина на булеварот „Партизански Одреди“ односно регионот на Дебар Маало.

Реклама

7:40 Вања не се појавува на првиот час, па наставничката ги известува родителите дека таа е отсутна.  

Родителите речиси еден час се обидуваат да ја добијат на телефон, но без успешно.

Откако родителите не можат да стапат во контакт со 14-годишното девојче, се јавуваат во полиција и почнува потрагата по неа.

МВР со сите капацитети на располагање почнува да ја бара Вања. Прегледани се сите камери, но на ниту една не е забележано изчезнувањето на 14-годишното девојче.

  • „За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката“ стои во соопштението на МВР.

Мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, споделува и на социјалните мрежи, граѓаните кои можат да придонесат за пронаоѓање на девојчето, да помогнат, но без да се шират дезинформации и паника. Ѓорчевска во телефонски разговор за Алфа, вели дека постојано е во контакт со полицијата и ќе испрати јавен апел преку телевизиите доколку надлежните и дадат такви насоки.

  • „Во моментот и постојано сум во полиција, истрагата трае и сега не би зборувала. Ако полицијата каже дека е време за јавно обраќање, сите телевизии ќе бидете известени“ вели Ѓорчевска во разговорот.

Вања е облечена во црни панталони со странични џебови, светлосин џемпер, црна кратка зимска јакна и бели патики. Доколку некој ја видел или слушнал нешто за Вања,мајката апелира да се  извести  полицијата.