Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Потресни сведоштва за пожарот во ноќниот клуб во Кочани

„Не ми треба живот повеќе. Едно дете имав и тоа го нема“.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Не ми треба живот повеќе. Едно дете имав и тоа го нема“. Со овие зборови потресениот татко Драги пред медиумите раскажуваше како дознал за смртта на 21-годишниот син единец. Не ни помислувал дека сосема обично излегување во сабота навечер може да прерасне во огромна трагедија.

„Јас живот немам, но и они ќе страдаат. И на мене не ми треба. Едно дете имам, загина, што да правам? И нивните да ги нема. И они да страдаат како јас што страдам. 150 деца во едно диско, 500 луѓе во диско. Син ми имаше 21 година. Самошто требаше да живее. Началници на полиција, корумпирани, дроги…ги дрогираат. Нема што да…и они да кукаат за нивните. 150 души, 150 семејства ќе страдаат. Зошто ќе ми е живот мене? Не ми треба живот. Едно детенце имав, што ќе ми е? Цела ноќ сум таму. Не можат да ги извадат телата. Сигурно 200 деца ќе има млади изгорени. Не можат да ги препознаат таму. Трупови. Не можат да ги изнесат ни со хеликоптер, ни специјалци, а газдите само пари во џебот. Пусти пари проклети. Дискотеката на кој е? На големците. Не ми треба живот. Знаат тие на кој е дискотеката. На големците, не е моја“ – вели таткото на загинатото момче.

Во шок и со солзи во очите, на младите кои синоќа се најдоа во дискотеката „Пулс“ во Кочани се уште не им се верува што точно им се случи. Се уште не се свесни дека врисоците на пристутните ќе резултираат со една од најголемите трагедии од ваков тип во Македонија. Очевидците велат за неполна минута искрите прераснале во голем пожар кој ја зафатил просторијата. На почеток не ни сватиле за што точно станува збор, бидејќи мислеле дека искрите над сцената се дел од пиротехничкото шоу. За кратко пламените јазици и чадот предизвикале паника кај посетителите кои во брзање и бунило сите се обидувале да истрчаат кон излезот за да се спасат.

Реклама

Велат екипите на пожарната и службата за итна помош брзо пристигнале, но не можеле да постигнат, бидејќи на многу луѓе им била потребна медицинска грижа. Оние кои први ја напуштиле дискотеката почнале да им помагаат на сите кои излегувале од опожарената дискотека.

„Одеднаш избувна и се беше пламен. Искри, врескања..за една минута мислам дека беше се готово. Пожарните и амбулантите дојдоа, но не беше доволно бидејќи имаше повеќе настрадани отколку што имаше доволно дежурни екипи“ – вели сведок на пожарот.

Од синоќешниот огромен пожар кој ја зафати дискотеката Пулс во Кочани, медицинска помош побарале 155 луѓе. Во моментов во болниците хоспитализирани се 117 граѓани.