Реклама

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Македонија

Потребни се јаболки и пченка: Намалени природни извори на храна на мечките на Шар Планина

Национален парк Шар Планина бара граѓаните да помогнат со донирање на јаболки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Национален парк Шар Планина бара граѓаните да помогнат со донирање на јаболки и пченка со цел да се изврши прихрана на мечките поради намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште.

Се бараат доброволни донации на јаболки и пченка од домашно потекло, со цел хранењето да биде што е можно послично на природната исхрана на мечката (Ursus arctos), која претежно е растително базирана.

-Во последните две недели, сè почесто се бележат случаи на приближување на мечки кон населени места во регионот на Националниот парк „Шар Планина“. Овој феномен е резултат на намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште. За да се намали ризикот од несакани средби со луѓе и да се помогне за здравјето и безбедноста на овие важни жители на нашата планина, започнуваме иницијатива за симболична прихрана на мечките, на оддалечени и безбедни локации, далеку од населени места и планинарски патеки, соопшти Јавната установа Национален Парк Шар Планина.

Реклама

Дистрибуцијата на храната ќе ја извршува Управата на Националниот парк, во соработка со волонтерска служба, во согласност со Програмата за заштита, одгледување и управување со дивечот (2023–2033), каде што се препорачува симболична прихрана како метод за следење и заштита на дивечот.

-Преку оваа акција ќе се спречи несакано приближување на мечки до населени места, ќе се помогне во зачувување на нивната природна навика за исхрана, ќе се овозможи мониторинг на нивната бројност, здравје и старосна структура. Прифатливи се само јаболки и пченка од домашно производство, без хемиски третмани, информираат од НП Шар Планина.

Доколку некој сака да помогне во логистика или да донесе храна, тоа да го направи во просториите на Јавната Установа Национален парк Шар Планина во Тетово, во објектот каде беше почетна станица за жичарницата до Попова Шапка, секој работен ден од 8-16:00 часот или на телефонскиот број 072 239 122.