Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Потпретседателот Милошоски ќе учествува на 6. Светска конференција на претседатели на парламенти во Женева

Потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски, ќе учествува на Шестата светска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски, ќе учествува на Шестата светска конференција на претседатели на парламенти, што ќе се одржи од 29 до 31 јули 2025 година во Женева, во организација на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Обединетите нации.

Конференцијата, која се одржува на секои пет години, претставува највисока платформа за парламентарна размена и дијалог на глобално ниво, на која ќе се соберат претседатели и високи претставници на националните парламенти од целиот свет. Главна цел на овој значаен собир е зајакнување на парламентарната димензија во меѓународната соработка, промовирање на демократијата, владеењето на правото, мирот и одржливиот развој.

Во рамки на конференцијата се предвидени пленарни дебати, тематски панели, билатерални средби, како и усвојување на заедничка декларација, со која парламентите ќе ги реафирмираат своите заложби за конструктивен придонес во справување со глобалните предизвици.