Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Потпишана Декларација за намери за спречување на насилството меѓу младите – Спортот како најсилна алатка за градење на здрави вредности

Министерството за спорт е еден од потписниците на Декларацијата за намери за спречување на насилството меѓу младите, што беше презентирана денеска,16 јуни 2026 година, во Скопје, во рамки на Националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ. Настанот потврдува дека спречувањето […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за спорт е еден од потписниците на Декларацијата за намери за спречување на насилството меѓу младите, што беше презентирана денеска,16 јуни 2026 година, во Скопје, во рамки на Националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ.

Настанот потврдува дека спречувањето на насилството меѓу младите, во сите негови облици, останува врвен приоритет, вклучувајќи го врсничкото насилство, онлајн насилството, психолошкото и вербалното насилство, дискриминацијата, исклученоста и родово заснованото насилство.

Националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади, ги обединува Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за спорт кон една заедничка цел – да ја зајакнат соработката меѓу институциите, училиштата, полицијата, општините, младинските организации, граѓанското општество и младите.

Реклама

Како претставници од Министерството за спорт на потпишувањето на Декларацијата присуствуваа државниот секретар, Сашо Огњеновски и Гордана Цекова, помошник раководител на сектор, одговорна за спроведување младински политики во Министерството за спорт.

Во своето обраќање, Огњеновски ја истакна важната улога на спортот во воспитувањето на младите и во градењето на вредности што претставуваат најсилна превенција против насилството.

„Спортот е една од најсилните алатки за градење на здрави вредности кај младите. На спортските терени младите учат дека успехот се постигнува со труд, дисциплина и почит кон другите, а не со агресија и насилство. Кога зборуваме за спречување на насилството кај младите, не зборуваме само за санкции и реакции, туку пред сè за воспитување и за градење на вредности и позитивни примери. Токму затоа спортот има незаменлива улога. Тој ги учи младите да ги почитуваат правилата, да го почитуваат противникот, тимот и различностите. Фер-плејот не треба да остане само спортски принцип, туку треба да биде животен принцип. Нашата цел е спортските терени да бидат места каде што младите ќе учат како да победуваат достоинствено, но и како да прифаќаат пораз без омраза и агресија“ – посочи Огњеновски.

Државниот секретар во Министерството за спорт нагласи дека со потпишувањето на Декларацијата, институциите преземаат заедничка одговорност за создавање безбедна и поттикнувачка средина за младите.

„Со потпишувањето на оваа Декларација ја потврдуваме нашата заедничка определба да создадеме безбедна и поттикнувачка средина за младите, во која спортот ќе биде простор за личен развој, градење карактер и позитивни животни навики. Министерството за спорт останува посветено на промоцијата на спортските вредности како важен дел од пошироките општествени напори за спречување на насилството кај младите и за изградба на општество засновано на почит, одговорност и солидарност“ – порача Огњеновски.

Декларацијата утврдува заеднички активности кои опфаќаат безбедни простори и услуги за поддршка, едукација за ненасилна комуникација, превенција во спортот, дигитална безбедност, ментално здравје и психосоцијална поддршка, значајно учество на младите, како и посилна координација и отчетност меѓу институциите.