Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Потпишан меморандум за соработка: Специјалисти од приватни здравствени установи ќе се ангажираат во јавното здравство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ги посети трите најголеми приватни здравствени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ги посети трите најголеми приватни здравствени установи во земјава – „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“, со цел потпишување заеднички меморандум за соработка. Со овој меморандум се воспоставува рамка за соработка помеѓу Министерството за здравство и приватните здравствени установи, со што ќе се овозможи ангажирање здравствен кадар – специјалисти од приватниот сектор во јавните здравствени установи, во случаи на зголемени потреби, недостиг на кадар или други приоритетни здравствени барања, соопштија попладнево од ова министерство.

– Законоското функционирање на сите здравствени установи, како јавни, така и приватни – е наш највисок императив. Целта е врвниот потенцијал на здравствениот систем да се стави на располагање на пациентите, преку мапирање и ставање на потребните ресурси во интерес на граѓаните, истакнал министерот.

Како што се појаснува, меморандумот предвидува Министерството тековно да ги идентификува јавните здравствени установи со потреба од дополнителен кадар, да обезбеди административна и правна поддршка, како и да ја координира соработката.

Реклама

– Од друга страна, приватните здравствени установи се обврзуваат да обезбедат квалификуван здравствен кадар кој ќе биде ангажиран под јасно утврдени услови и во согласност со етичките и професионалните стандарди, се истакнува во соопштението.

Со овој чекор, се нагласува дека Министерството за здравство го унапредува партнерството со сите здравствени капацитети во државата, со крајна цел – подобрување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за пациентите.