Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Пустец и Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија” во интерес на македонската заедница

Општина Пустец и Здружението “ВМРО ДПМНЕ Албанија” денеска ја официјализираа соработката со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пустец и Здружението “ВМРО ДПМНЕ Албанија” денеска ја официјализираа соработката со потпишувањето на Меморандум за соработка, во интерес на македонската заедница. 
 
-Овој документ ги поставува темелите за засилена заедничка работа на проекти од национално и локално значење. Целта на документот е воспоставување рамка за соработка помеѓу Здружението и општината за развој и спроведување заеднички активности, проекти и иницијативи во интерес на македонската заедница – рече Елена  Симонофски по потпишувањето. 
 
Задоволство од официјализирањето соработка искажа и градоначалникот Пали Колефски по ставањето потпис на документот. 
 
-Покрај другото, области за  соработка се организација на социјални, културни, образовни и информативни активности, размена на информации и експертиза за  промоција на заедницата и локалниот развој – рече тој. 
 
Како прв конкретен чекор од оваа соработка, Здружението започна со директна финансиска поддршка за ангажирање на едно лице, кое хонорарно ќе работи во музејот на познатиот писател Стерјо Спасе во село Глобочани.  

-Со ова се овозможува подобра функционалност на музејот и соодветен дочек и информирање на посетителите, кои ги има во се поголем број. Ангажирањето кустос во музејот на нашиот великан, писателот  Стерјо Спасе, е само почеток на низата активности за зачувување на нашето македонско наследство, посочи Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на Општина Пустец. 
 

Симонофски, Темелко и Кристијан Ѓорѓи, координатор на ВМРО-ДПМНЕ Албанија за Мала Преспа го посетија музејот, а оддадоа почит и пред споменикот на Стерјо Спасе, кој се наоѓа во неговото родно село Глобочани, при што Симонофски порача дека „нашата цел е и институционална и финансиска грижа за македонските обележја во Албанија”.