Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и МЦГО

Општина Кисела Вода и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ денеска официјално потпишаа меморандум за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кисела Вода и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ денеска официјално потпишаа меморандум за соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), со што се приклучуваат кон реализацијата на значајни активности за поголема безбедност и поддршка на младите.

Како што соопшти Општината, документот го потпишаа градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, директорот на училиштето Горанчо Јакимов и извршниот директор на МЦГО, Бесник Рамадани.

-Оваа соработка е дел од двегодишниот проект „Од свест до акција: Унапредување на спречувањето и борбата против насилниот екстремизам во заедницата во Македонија“, поддржан од Фондот за глобално ангажирање на заедницата и отпорност, а кој МЦГО го спроведува во конзорциум со организациите „Лоја“ од Тетово и ЦИД од Куманово. Соработката со Општина Кисела Вода ќе се фокусира на практично зајакнување на локалните совети за превенција. Преку нив ќе се воспостави функционален систем за рано препознавање и навремена заштита на младите, користејќи ги веќе постоечките општински ресурси, соопшти Општина Кисела Вода. 

Реклама

Наведува дека преку оваа соработка во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од април ќе почнат низа активности. Учениците ќе поминат обуки за медиумска писменост и поголема безбедност на интернет, ќе реализираат сопствени младински иницијативи и ќе учествуваат во „Отворен ден за пријателство и почит“. Проектот ќе биде придружен и со соодветна медиумска кампања на социјалните мрежи, насочена кон промоција на вредностите на проектот и заштитните механизми во заедницата.

-Оваа соработка е важна за нашата локална заедница бидејќи превентивната работа во училиштата и меѓуинституционалното поврзување придонесуваат кон правилно воспитување на младите. Преку вакви партнерства, како општина добиваме дополнителни механизми кои помагаат во препознавање на одредени ризици и во градењето здраво општество базирано на меѓусебна почит и разбирање, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Овој проект истовремено се спроведува во шест општини: Кисела Вода, Аеродром, Велес, Тетово, Куманово и Липково.