Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу македонското и португалското јавно обвинителство

Јавното обвинителство на Македонија и Канцеларијата на Генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес. Меморандумот во Лисабон го потпиша Генералниот обвинител на Република Португалија Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје свој потпис стави Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески. Денеска, при посетата на заменик-генералниот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното обвинителство на Македонија и Канцеларијата на Генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес.

Меморандумот во Лисабон го потпиша Генералниот обвинител на Република Португалија Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје свој потпис стави Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески. Денеска, при посетата на заменик-генералниот обвинител на Португалија Пауло Жорже Виеира Моргадо де Карвајо во земјава, беше извршена свечена размена на двата документи на која присуствуваше и министерот за правда Игор Филков.

Со документот се предвидуваат студиски и работни посети помеѓу обвинителствата од двете земји, директно споделување на искуствата и добрите практики во однос на организацијата, управувањето со човечки ресурси и дигиталните технологии, заеднички програми за обуки, семинари, конференции и работилници за обвинителите во специфични области, како и размена на технички информации, експертиза и оперативно искуство меѓу специјализираните обвинителски единици.

Реклама

Како приоритетни области на меѓусебната соработка се наведени борбата против организираниот криминал, корупцијата, компјутерскиот криминал, трговијата со луѓе, трговијата со дрога, перењето пари, како и размената на искуства во градењето на институционалните капацитети.

“Меморандумот за соработка ќе ни помогне да добиеме увид во исклучително важното искуство на една земја-членка на Европската унија во сите овие области”, потенцираше Савески, кој со Де Карвајо разговараше подетално околу начинот на организација, предизвиците и најчестите облици на криминалитет со кои се соочуваат јавните обвинителства во двете земји.

Де Карвајо и советникот на генералниот обвинител на Португалија Дејвид Алешандрину Пауло Албукерки е Агилар се во дводневна посета на Скопје, во рамките на која утре ќе учествуваат на конференцијата “Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“, организирана со целосна поддршка на проектот “EU Support for Rule of Law”.

Со експертска помош на овој проект е изготвена и нова комуникациска стратегија на Јавното обвинителство, а минатата година беше организирана и студиска посета на јавни обвинители, членови на Советот на јавните обвинители и на претставници на Академијата за судии и јавни обвинители во Лисабон.