Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Потпишан меморандум за нова фаза на „Училишта на 21 век“, фокус на дигиталните вештини и вештачкате интелигенција

Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет денеска потпишаа меморандум за соработка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој се воспоставува стратешка рамка за повторно активирање на проектот „Училишта на 21 век“. Иницијативата има цел унапредување на дигиталната трансформација, развој на дигитални вештини и модернизација на образовниот систем во земјата.

Проектот, како што информираат од Министерството, опфаќа подготовка на материјали за учење, работа на учениците со микропроцесори, реални проекти во училиштата, кибербезбедност и основи на вештачката интелигенција. 

– Ова партнерство претставува значаен чекор кон продолжување и проширување на успешната програма „Училишта на 21 век“, која во изминатиот период овозможи илјадници ученици и наставници да развијат вештини за кодирање, критичко размислување и решавање проблеми преку практична примена на дигитални алатки, вклучително и micro:bit технологијата – се наведува во соопштението.

Реклама

Во рамките на новата фаза на програмата се предвидува дополнително зајакнување на капацитетите на наставниците во областите на критичко мислење, решавање проблеми, кодирање, кибербезбедност и основи на вештачка интелигенција, како и проширување на поддршката кон помалите возрасни групи ученици и поттикнување иновативни училишни проекти.

– Особено значајно е што оваа иницијатива ќе се реализира во партнерство со „Македонски телеком“ како долгогодишен поддржувач на дигиталното образование и технолошките иновации. Во следната фаза се предвидува склучување на трипартитен оперативен договор за имплементација на проектот „Училишта на 21 век“ – фаза 2 помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Британскиот совет и „Македонски телеком“ – се наведува во соопштението.

Меморандумот го потпишаа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и Клер Сирс, директорка за Западен Балкан и копотписник на меморандумот. На настанот присуствуваа и Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија, Стела Дурутовиќ, менаџерка за образовни проекти за Западен Балкан, како и Бела Треневска-Шотаровска, менаџерка за комуникации во британската амбасада.