Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Постигнат договор за поголеми плати за 11 илјади административци, функционерите ќе си ги скратат коефициентите за плата

Повисоки плати за 11 илјади административци. Владата и дел од синдикатите потпишаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повисоки плати за 11 илјади административци. Владата и дел од синдикатите потпишаа договор што ќе важи до 2028 година и ќе чини над 10 милиони евра годишно.

Платите на вработените во администрацијата, судовите и обвинителствата нема одеднаш да скокнат, туку чекор по чекор. Се предвидува во следните две години тие  да пораснат за речиси 40%. Премиерот Христијан Мицкоски јасно порача повеќе пари за администрацијата, но и повеќе работа и подобри услуги за граѓаните.

“Владата, како најголем работодавач, целосно воспоставува Договор со рок на траење до 2028 година и ги има регулирано односите со колегите во институциите. Ова е историски момент зашто досега никогаш порано не се случило да имаме ваков план за зголемување на платите за да дојдеме до некое достоинствено ниво. Ова се тие храбри чекори што ги правиме, дури и во услови на светски и домашни предизвици кои влијаат на економијата, со домаќинско зрело и одговорно работење” – истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Владата најавува и нова рунда преговори со ССМ и КСС за целосно нов општ колективен договор,кој во иднина треба да стане единствената основа за исплата на платите.

За функционерските плати да не скокнат повеќе од 200 евра, Мицкоски најави ново намалување на коефициентите. Тоа ќе биде трето кратење откако Уставниот суд ја одмрзна основицата и платите почнаа енормно да растат.

Ние не можеме да ги замрземе бидејќи повторно ќе имаме одлука на Уставниот суд која ќе биде во насока на таа претходната, но можеме да ги намалиме, и тоа и ќе го направиме. Тоа ќе повлече нови судски процеси кои ги прават сега судиите и обвинителите, бидејќи и тие спаѓаат во тие коеифциенти за избрани и именувани лица, тоа ќе покрене нови судски процеси пред Уставниот суд, но тоа е што е. Не може се да биде идеално” – изјави Мицковки.

По речиси две години протести и преговори дел од синдикатите победија – велат претседателите на УПОЗ и КСС .Тие се задоволни од постигнатиот договор.

Во меѓувреме, Владата останува на своето – минималната плата во март ќе порасне според закон, за околу 1500 денари. Премиерот вели дека е неприфатливо државата да плаќа придонеси за приватни фирми за минималецот да биде 600 евра, бидејќи бизнисот веќе добил доволно поддршка преку мерки.

Сојизот на синдикати на Македонија пак најавуваат притисок – во вторник ќе го  блокираат Собранието, барајќи повисока минимална и раст на сите плати.

Ања Лукарова