Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Економија

Последната година од владеењето СДСМ и ДУИ претерале со тендери – рекордно висока вредност на јавните набавки

Вриело од корупција во јавните набавки минатата година, како последица на политичките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вриело од корупција во јавните набавки минатата година, како последица на политичките интереси, во цените имало драстични разлики, а конкуренцијата била најниска во последните 10 години – покажува најновиот извештај на Центарот за граѓански комуникации. Во 2023 година биле склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 1,5 милијарда евра, што е за дури 35% повеќе од 2022-та година. Мониторингот покажал дека просекот изнесувал 2,7 понуди по тендер. Секој трет тендер поминал со само една понуда од една компанија. Во овие случаи , цената била идентична на проценетата вредност на тендерот. Најниската цена како критериум продолжил да се користи во 94% од тендерите. Центарот за граѓански комуникации ги лоцира причините за слабата конкуренција во фаворизирачките тендерски документации и тоа што бизнис секторот изгубил доверба дека ќе има фер натпревар во јавните набавки. Дополнително, во секој 4-ти тендер не била наведена количината на она што се купува.

„Ваквото постапување е извор на сериозни манипулации и овозможува лесно „местење“ кој да го добие тендерот. Овој пристап делува обесхрабрувачки и за потенцијалните понудувачи, и во најголем дел од тендерите во кои не се наведени количини е доставена по само една понуда. Ненаведувањето на количините на предметот на набавката е во спротивност со законски утврденото начело на економичност, ефикасност и ефективност на користењето на јавните средства и доведува до тоа договорот да се склучи со цени што се повисоки од реалните на пазарот“ – стои во извештајот.

Над половина од фирмите кои учествуваат во јавните набавки и 41% од службениците во државните институциите сметаат дека во тендерите често има корупција. 23% од компаниите се изјасниле дека лично се соочиле со случаи на мито и корупција. Сомнежот го зголемува и податокот  дека 25% од вкупната сума се слеала на сметките на само 10 компании. Ако се погледнат имињата на најголемите добивачи на државни тендери, дел од нив се омилените на поранешната власт. На прво место е убедливо „Марковски компани“ која врши ископ во РЕК Битола.

Реклама

„„Марковски Компани“ во 2023 година има склучени 20 договори, во вкупна вредност од 3,2 милијарди денари, односно 52 милиони евра. Сите договори на „Марковски Компани“ се склучени со АД Електрани за ангажирање механизација и специјализирана работна рака за потребите на РЕК Битола. За една година, „Марковски Компани“ успеала да ја дуплира вредноста на јавните набавки, со тоа што во 2022 година има договори во вредност од околу 25 милиони евра, а во 2023 година од 52 милиони евра“ – се наведува во извештајот.

Извештаите покажале дека институциите купувале исти производи и услуги, но по многу различни цени. На пример, цените за исти лиценци за компјутерски софтвер варирале од најмалку 6 илјади до дури 23 илјади денари. Општините, пак, лани за јавни набавки потрошиле за 40% повеќе пари отколку во 2022-рата.