Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Поштенското сандаче на СДСМ се полни со оставки: Расте незадоволството од Филипче, кој нема намера да си замине

Поштенското сандаче на Бихаќка се полни со оставки. Членови на највисокото партиско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поштенското сандаче на Бихаќка се полни со оставки. Членови на највисокото партиско раководство ја преземаат одговорноста по изборниот дебакл, но само една фотелја останува недопрена. Венко Филипче не поднесува оставка. . За партискиот лидер вина за тешкиот изборен пораз биле притисоците од власта врз нивните кандидати за градоначалници.

Свесен е дека кадровски промени во партијата се неопходни, но напуштање на претседателската функција не му е во план.  

  • Јасно е какви политички и кадровски промени треба да се направат, и тие ќе се случат во наредните денови, ќе има седници на Извршниот одбор и на Централниот одбор на кои ќе ги обзнанам тие промени. Секако ќе планираме и конгрес на кој ќе се дискутираат политиките за следниот период“ – изјави Филипче, додавајќи дека не размислува за оставка бидејќи е на функцијата кратко време.

Поразот на изборите е толку голем, што за прв пат на едни избори лидерот на опозицијата, во случајов Филипче не даваше изјава по гласањето, затоа што во општината кде што живее и гласа, но и во градот Скопје, неговата СДСМ немаше свој кандидат во вториот круг.

Реклама

Инаку, првата оставка ја поднесе потпретседателката Ана Чупевска уште пред да го слушне резултатот во вториот круг. Во часовите на изборен молк, ја напуштила функцијата во СДСМ бидејќи имало суштински разлики во размислувањата.

  • Го превземам овој чекор поради суштински разлики во концептите на партијата како и  поради разлики поврзани во методологијата кои влијаат на перспективите на СДСМ “ –  навела Ана Чупевска во оставката.

Со видео оставка од партиското раковоство замина и кандидатот за градоначлник за општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски. Напуштањето на функцијата вели е морален чин на одговорнос поради лошот резултат, а на  истото ги повика и Венко Филипче и целото раководство на СДСМ.

  • Изборите завршија, време е да се понесе одговорност. Иако се вложив целосно, без калкулаци и без да се штедам, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка претседател на општинската организација како чин на објективна и морална одговорност за лошите резултати на локалните избори, “ вели во своето видео обраќање Ацевски .

Претходникот на Филипче, Димитар Ковачевски си поднесе оставка од лидерската функција 10-тина дена по лошите резултатити на парламентарните и претседателските избори лани. И Зоран Заев замина од претседателското место во СДСМ по исто така лошите резултати и поразот од ВМРО-ДПМНЕ по локалните избори пред четири години.

СДСМ новото партиско раководство го избра на Конгресот лани во ноември.