Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

„Пошта“: Се работи на решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките

„Пошта на Македонија“ информира дека работи на изнаоѓање решение за забрзување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Пошта на Македонија“ информира дека работи на изнаоѓање решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките откога дојде до забавување при обработката и царинските прегледи поради новите обврски со измените на Законот за данокот на додадената вредност (ДДВ).

Со измените на Законот за ДДВ, што стапија во сила на 18 декември лани, се укина ослободувањето од ДДВ за пратките нарачани онлајн во вредност до 22 евра, а „Пошта на Македонија“, заради утврдување на ДДВ-то, должна е сите пратки нарачани онлајн да ги даде на царински преглед. Оваа нова обврска, велат од таму, создава забавување при обработката и царинските прегледи на пратките.

– „Пошта на Северна Македонија“ заедно со Царинската управа работи на изнаоѓање решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките сè со цел да пристигнат во што пократок рок до примачите/корисниците – информира националната „Пошта“ во објава на својата веб-страница апелирајќи на трпение и разбирање.

Реклама

Министерството за финансии претходно соопшти дека очекува директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании со спроведувањето на законските измени со кои се укина ослободувањето од ДДВ за онлајн-пратки со вредност до 22 евра.

– Со укинувањето на ослободувањето речиси 4 милиони денари месечно, колку што изнесува прометот кон странските онлајн-платформи во одредени периоди, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе помогнат во растот на локалните компании, креирањето нови работни места и подобрувањето на условите и платите на вработените – информира Министерството за финансии откога Собранието ги изгласа измените на Законот во ноември лани.

Беше посочено дека новиот модел ќе придонесе за намалување на сивата економија. Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ, кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина.

Во регистарот на лиценци на Агенцијата за пошти се евидентирани 29 компании, од кои „Пошта на Македонија“ е носител на индивидуална дозвола за обезбедување универзална услуга, а другите на општо овластување.