Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Посетата на психолог и психијатар сè уште табу тема, сè поголем број ментални заболувања кај младите

Сè поголем е бројот на ментални заболувања кај младата популација, посетата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сè поголем е бројот на ментални заболувања кај младата популација, посетата на психолог и психијатар е сè уште табу тема во државава, вели доктор Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекари по општа – семејна медицина (ЗЛОМ-СМ).

– Гледам дека овие трендови ги следи и Фондот за здравствено осигурување, па новите цели во превентивните прегледи се токму прашалниците за ментално здравје што ќе ги пополнуваат лица од 25 до 40 години врз основа на кој скоринг ќе одлучиме дали тоа лице понатаму може да оди на одреден психијатриски преглед. Ттреба сите како лекари, пред сè семејните лекари, да одиме во една поголема борба кон тие психолошки нарушувања што се случуваат во популацијата, изјави Ѓорѓиевски во рамки на 6. Конгрес и 26 Симпозиум на Здружението на лекари по општа-семејна медицина што се одржува во Скопје.

Посетата на психолог и психијатар, како што посочи, кај нас се уште е табу тема. Одењето на психолог или психијатар не значи дека некоја личност е луда, туку дека во одредени ситуации ни е потребна стручна помош за да полесно се пребродат проблемите.

Реклама

– Кога ќе разговарате со некоја помлада индивидуа и ќе сакате од неа да добиете сознание, ѝ ги поставувате прашањата – како се чувствува, дали има расположение, дали не спие доволно и слично, пациенто, не сака да разговара на таа тема. Уште кога ќе кажете дека врз основ на скорингот, треба да проследи психијатар, реченицата што најчесто ја користат е „Па, јас не сум луд“. Тоа не е дека некој е луд, психијатар имаат и најпознатите ѕвезди – и политичари и глумци во светот имаат психијатри. Во одредени животни ситуации потребно ни е поддршка од психијатар и психолог, како би можеле полесно да ги пребродиме проблемите, нагласи Ѓорѓиевски.

Според него, треба да се разговара со пациентите за да се надмине овој проблем, а потребна е и мала мала реорганизација на примарната здравствена заштита.

– Ние сме тие кои го имаме првиот контакт. Ние треба да разговараме со пациентите, треба да забележиме промени во однесувањето кај нашите пациенти. Кога во ординација ќе ви влезе пациент кој го знаете 10 години, можете да забележите промена во неговото однесување, дали тоа е промена во изгледот, промена во неговата работна способност, незаинтересираност….. Тука може да се постави прашање без разлика дали дошол за некоја друга консултација, како би можеле да помогнете. Треба да имаме малку повеќе поддршка и од медиумите, од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување за да се може скрининг програми подобро да се одвиваат и да може со пациентите да се изгради подобра комуникација, бидејќи ни треба поголем преглед за индивидуална психолошка проценка во однос на сегашниот систем каде имаме истовремено водење на електронски и на хартиени евиденции, хронични пациенти, акутни пациенти и слично. Мала реорганизација на примарната здравствена заштита е итна и неопходна, подвлече Ѓорѓиевски.

Според него, потребно е и ревидирање на Позитивната листа затоа што имаме лекови кои веќе не се користат во европските држави.

Тој смета дека семејната медицина ги живее најтешките денови бидејќи семејните лекари се во дефицит, а нема стимулација кај младите лекари.

– Слабо се платени затоа што ако имате мал број пациенти и сте во мало место, немате доволно пациенти, капитацијата е ниска и не може да се извадат доволно плати. Нема мотивација ниту за отворање на сопствена ординација, бидејќи тогаш почнуваш со нула пациенти и нула денари, нема никаква финансиска стимулација, почнуваш борба со системот, а од друга страна треба редовно да исплаќаш плати. Другата работа е административната. Преобемната административна работа навистина не е потребно да биде присутна во примарното здравство. Третата работа е непризнавањето на специјализацијата по семејна медицина, рече Ѓорѓиевски.

На конгресот и симпозиумот ќе се зборува за дијабетот, хипертензијата, ревматските заболувања, но и за сексуално преносливите заболувања кои исто така се табу тема за помладата популација.