Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Посета на вицепремиерот Стоилковиќ на подрачните училишта во Бучим и Тополница

Заменик-претседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна посета на двете подрачни основни училишта во општина Радовиш – ПУ „Никола Карев“ во селата Бучим и Тополница. Целта на посетата беше да се истакне важноста на унапредувањето на образованието на мајчин јазик, како и да се потврди континуираната поддршка на Владата кон етничките заедници во земјата.

Во овие училишта наставата од прво до петто одделение се изведува на турски наставен јазик, што претставува значаен чекор во зачувувањето на културниот и јазичниот идентитет на турската заедница.

Делегацијата предводена од г. Стоилковиќ најпрво го посети подрачното училиште во село Бучим, каде учениците приредија кратка свечена програма со рецитации. Делегацијата беше срдечно пречекана од наставниците и учениците. Во продолжение, делегацијата го посети и подрачното училиште во село Тополница, каде што се разговараше за тековните услови за работа, инфраструктурата и потребите на наставниот кадар и учениците.

Реклама

Вкупно 53 ученици посетуваат настава во овие две подрачни училишта, што ги прави значајни образовни јадра за локалната заедница.

На настанот присуствуваше и делегација од Амбасадата на Република Турција во Скопје, предводена од неговата екселенција, амбасадорот Фатих Улусој. Присуството на дипломатскиот претставник е доказ за добрата билатерална соработка меѓу двете земји и поддршката на Република Турција за образованието на турската заедница во земјава.

Заменик-претседателот Стоилковиќ ја истакна определбата на Владата за создавање инклузивно и квалитетно образование за сите граѓани, без разлика на нивната етничка или јазична припадност.

Стоилковиќ се сретна и со дел од локалното население кое го запозна со условите во кои живеат, но и проблемите со кои се соочуваат секојдневно.