Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Кавадарци, ќе се одржи „Кавадаречки полумаратон“

Посебен режим на сообраќај ќе има утре во Кавадарци, ќе се одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посебен режим на сообраќај ќе има утре во Кавадарци, ќе се одржи шестиот по ред „Кавадаречки полумаратон“, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Организатори на настанот се Општината и „Меридијан атлетик еко“.

– Официјалниот почеток на главната трка е во 12 часот, со старт од централното градско подрачје, на добро познатата кружна патека. Се трча во дисциплини 10 и 5 километри. Пред главната трка, со почеток од 11 часот, ќе се одржи и детската трка во која ќе учествуваат околу 300 ученици од основните училишта во Кавадарци, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Реклама

Притоа споделија дека со цел безбедно одвивање на настанот, во соработка со ОВР – Кавадарци, ќе има посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.

– Од 10:30 до 15 часот ќе бидат затворени за сообраќај следните делници: од плоштадот по улица „Илинденска“ до улица „Страшо Пинџур“, кај „Силекс“ згради и назад по „Илинденска“, како и по „Илинденска“ до „Никола Минчев“ – поранешна „Едвард Кардељ“ и назад по „Илинденска“, појаснија од градоначалничкиот кабинет.

Патем апелираа граѓаните кои имаат паркирани возила на овие делници, доколку ги користат, да ги отстранат пред 10:30 часот.

Здружението на рекреативци и активни екологисти „Меридијан атлетик еко“, како организатор на полумаратон, на Фејсбук информираше дека регистрирани се над 450 тркачи и повеќе од 150 деца.

Спортскиот настан ќе се одржи под мотото „Го сакам Кавадарци“.