Реклама

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија

Портпаролот на грчката влада: Остануваат во зголемена готовност болниците во Солун и Атина

Одделенијата за изгореници во соодветните здравствени установи во Солун и Атина продолжуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одделенијата за изгореници во соодветните здравствени установи во Солун и Атина продолжуваат да бидат во состојба на зголемена подготвеност, истакна портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, на денешниот редовен брифинг со новинарите. Тој се осврна на помошта која Грција ја упати за повредените во трагичниот пожар во Кочани.

„Здравствениот оперативен центар на Националниот центар за итна помош, во рамките на оперативното планирање за управување со транспортот и лекување на повредените со изгореници, продолжува да ги одржува во состојба на зголемена подготвеност одделенијата за изгореници во соодветните здравствени установи во Солун и Атина“, изјави Маринакис.

Дополнително, тој потсети дека во моментот 12 повредени со изгореници се хоспитализирани во Грција, со детали дека шест се во Општата воена болница 401 во Атина, еден во Општата воена болница на воздухопловството во Атина, три во Општата болница „Јоргос Папаниколау“ во Солун и двајца во Општата воена болница 424 во Солун.