Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Портпаролката на грчко МНР: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

На многу добрата клима во билатералните односи, како што посочи портпаролката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На многу добрата клима во билатералните односи, како што посочи портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу, се осврнале премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на средбата на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан пред две седмици во Лондон. Самитот се одржа на 22 октомври, од Министерството за надворешни работи на Грција на Икс, тогаш објавија фотографии од средбите на Герапетритис, меѓу кои и со премиерот Мицкоски, а на денешниот редовен брифинг со новинарите Зохиу рече дека разговарале за она што беше на агендата на средбата на шефот на грчката дипломатија со Тимчо Муцунски пред нешто повеќе од три месеци во Атина. 

– Во однос на средбата на маргините она на што се осврнаа беше многу добрата клима во билатералните односи, она што всушност беше споменато и за време на посетата на министерот за надворешни работи во јули годинава, односно на темите поврзани со продлабочување на соработката во секторот на трговијата и инвестициите, рече портпаролката на МНР за темите за кои разговарале Мицкоски и Герапетритис.

Говорејќи за Самитот во Лондон за Западен Балкан, Зохиу повтори дека шефот на грчката дипломатија за време на неговото учество „ја повтори поддршката на Грција за пристапната перспектива на Западен Балка“, но и дека интеграцијата треба да се реализира со целосно почитување на европското законодавство, на меѓународното право, демократските принципи и на владеењето на правото, како и на добрососедските односи и регионалната соработка.

Реклама

-Министерот секако истакна дека треба да им се даде визија на народите на Западен Балкан за да се забрза овој процес што започна со грчката иницијатива пред 22 години со Солунската агенда, посочи Зохиу.