Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Поројните дождови оставија хаварија зад себе во Пелагонискиот регион, се санираат штетите во Охридско и Струшко

Обилните врнежи од дожд предизвикаа локални поплави и излевања на реки во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обилните врнежи од дожд предизвикаа локални поплави и излевања на реки во неколку региони низ земјава, но според надлежните, состојбата во најголем дел е стабилна. Најпогодени се делови од Пелагонискиот и Југозападниот регион, каде се поплавени ниви и куќи, а во Кичево сè евакуираа луѓе. Во останатите региони нема поголеми нарушувања, а институциите продолжуваат со теренски интервенции и апелираат на внимателност. Од Цук интервенирале во критичните делови од Пелагонија.

Невреме со интензивни врнежи од дожд предизвика сериозни проблеми и во Полошкиот регион. Поради зголемениот водостој, неколку реки се излеаја, при што беа поплавени земјоделски површини и делови од населени места. Штетите се значителни, а на повеќе локации движењето се одвивало отежнато.

Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека на подрачјето на Тетово се пријавени уривања на потпорни ѕидови и излевања на помали водотеци. Надлежните служби се на терен и вршат увид, додека општинската механизација работи на расчистување на свлечиштата.

Реклама

И во Гостиварско дождовите предизвикаа поплави на локални патишта и во одредени населени места. Јавното претпријатие „Комуналец“ и механизацијата на Водостопанство се ангажирани за санирање на штетите и нормализирање на состојбата.

Силните дождови направија хаос во речиси секој дел од Македонија. Прелевањето на реките придонесе за поплавување на земјоделски земјишта, дворови, куќи и магацини. Најкритично беше во Ресен, Кичево, Охрид и Пелагонискиот регион, а евакуирани се околу 120 луѓе. Екипите на Центарот за управување со кризи на терен ги чистеа каналите и речните корита, a на терен излегоа и полициски службеници како и од Дирекцијата за заштита и спасување. Со помош на пумпи се вадела водата од куќите во ресенско, а граѓаните биле заглавени со возила во излеаните води. И покрај лошите времнски услови, сепак сите патишта се проодни и никаде нема застои. Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски посочи дека активно се расчистуваат два клучни патни правци – кон Косоврасти и кон Маврово, каде што механизацијата постојано е на терен.

Надлежните се на готовс бидејќи за утре претпладне најавени се нови врнежи од врнежи од дожд и снег. Стабилизација и суво време метеоролозите најавуваат дури од вторник.