Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Поранешната „специјална“ официјално не е веќе ни „обична“: Советот на ЈО ја констатираше оставката на Ленче Ристоска

Поранешната специјална Ленче Ристоска и официјалнио веќе не ниту обична обвинителка. Советот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешната специјална Ленче Ристоска и официјалнио веќе не ниту обична обвинителка. Советот на јавни обвинители го констатираше нејзиното повлекување од јавнообвинителската позиција. Немаше расправа по оваа точка, бидејќи единствено што на членовите на Советот им остануваше по поднесена оставка, е истата само да ја констатираат.

-Согласно закон, ние нема што причини тука, нејзина желба. Согласно закон има право секој обвинител, во секое време да поднесе барање за повлекување, ние само констатираме, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими.

Одлуката да поднесе оставка, една од трите специјални грации ја донесе откако и беа одземени предметите „Талир“, а претходно и беше исфрлена од трката за шеф на републичкото обвинителство. Таа посочи дека оставката доаѓа, поради долгогодишни притисоци, опструкции, како и одлуките да и се одземат предметите.

Реклама

Првиот човек на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими не сакаше да ги коментира причините поради кои Ристоска си заминува од обвинителската функција.

-Тоа е нејзина одлука што мисли така, ние само констатираме оставка, не коментирам изјави на колешки. Во конкретната ситуација веќе дадовме известување и тоа е тоа, изјави Бесими.

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески кажа дека предметите кои ги имала Ристоска, веќе се распределени кај други надлежни обвинители, потенцирајќи дека секој случај за него е ист, нема ниско или високопрофилен.

-Никогаш предметите нема да ги врзувам и погрешно е предметите да се врзуваат со конкретни персонални решенија, односно конкретни обвинители. За мене е секој предмет ист, без оглед кој е обвинител, изјави Савески.

Во писмото со кое ја поднесе својата оставка, Ристоска упатува критики до системот, посочувајќи дека нејзиниот интегритет бил директно нападнат. Таа беше една трите обвинителки познати како „Чарлиевите ангели“ во поранешното Специјално јавно обвинителство. Таа беше дел од тимот што ги водеше клучните истраги под водство на Катица Јанева за висока корупција. По распадот на СЈО, таа ја продолжи кариерата во редовното Обвинителството за организиран криминал.

Матеја Петровски