Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Попов: Владеењето на СДСМ ги доведе младите во тотална апатија и отпор спрема државата

Сергеј Попов, кој дискутираше за младите, демократијата и нивниот глас. Тој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сергеј Попов, кој дискутираше за младите, демократијата и нивниот глас. Тој се осврна на владеењето на СДСМ кое ги довело младите до тотална апатија и отпор спрема државата, и дека работите сега континуирано се подобруваат, младите се вклучуваат и комуницираат со државата и институциите.

„За разлика од пред една година кога младите беа навистина во една тотална и сеопшта апатија, кога што и да се случеше во нашата држава, било најлошо било можеби и нешто позитивно тоа едноставно им поминуваше на младите под радар, бидејќи самите тие имаа отпор да восприемаат било што, што доаѓаше од страна на државата, сега би рекол дека имаме подобрување, младите повеќе се вклучуваат, младите разговараат со државата, со институциите“, рече Попов.

Попов истакна дека младите согледуваат како состојбите се подобруваат, и дека тие се сведоци како патиштата се градат како никогаш досега, дека се реновираат студентските домови, како и на инвестирањето во локалните самоуправи и посветеноста на функционерите кон решавање на проблемите на младите луѓе.

Реклама

„Младите видоа сеопшта борба од страна на државата, да им ги подобри состојбите во сите сфери од нивното општествено живеење, и младите во овој момент се сведоци дека во една година владеење патишта се градат како што не се граделе до сега, студентски домови се реновираат како никогаш во изминатите триесет години за жал, и ќе одлучат државата да ја водат оние коишто им ги реновираат домовите, коишто ги градат сите автопати, коишто им инвестираат во локалните самоуправи преку државна помош, младите гледаат дека функционерите се посветени секојдневно во решавање на сите проблеми“, објасни Попов.

На крај Попов додаде дека победата над апатијата се должи на нормализацијата на државата и нејзиното достоинствено претставување од страна на премиерот.

„Најмногу победата над апатијата се должи во нормализацијата на нас како држава, еден млад човек може да стане и да каже дека живее во многу понормална држава од таа во којашто живееше пред тоа. Ние сега имаме премиер којшто достоинствено рамо до рамо со сите ни ја претставува државата и вистината за Македонија, разликата е јасна“, дециден е Попов.