Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес                                                         

Пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ, денеска се обрати на 71. седница на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ, денеска се обрати на 71. седница на Собранието, посветена на пратенички прашања. Во своето излагање, тој  отвори три значајни теми за младите во земјава, како состојбата со младинската невработеност и мерките за самовработување, исполнувањето на домашните задачи, како и актуелната мерка на Владата за доделување 55.000 ваучери за купување електронски уреди за студентите, и истите ги упати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. 

Попов најнапред посочи дека младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства. Тој истакна дека самовработувањето е директен начин за младите да изградат сопствени бизниси и да придонесат кон економскиот раст: ,,Оттука, моето прво прашање би било, бидејќи знаеме дека пред некој ден се доделуваа решенијата за самовработувањето, во Владата на Република Македонија, моето прашање е:  Колку договори односно ваучери за самовработување се издадени до сега и колку средства се издвоени за оваа мерка, во рамки на Оперативниот план за вработување?“, рече Попов.

Второто прашање на Попов се однесуваше на напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи, што според него, ова е од значаен младински интерес. 

Реклама

 ,,Второто прашање би ми било во делот на она што многу млади луѓе ги интересира, а тоа е до каде сме со онаа работа која што популарно во јавноста се нарекува завршување на домашната задача. Пред неколку денови имавте средба со претставници на ЕУ. Дали можеби можете да ни откриете повеќе детали околу тоа како планираме да ги исполниме обврските од тој план? Бидејќи како што напоменав, на секој млад човек, на сите мои врсници, исполнувањето на домашната задача односно завршувањето на реформите овде дома во Република Македонија, е прашање кое што е од особен младински интерес“, истакна Попов.

Попов го отвори и прашањето за мерката со која Владата им доделува ваучери на 55.000 студенти за купување електронски уреди.  Тој нагласи дека ова не е само мерка, туку инвестиција во дигиталната писменост и иднината на младите.

,,Кога една влада презема обврска кон младите, особено кон студентите, тоа не е само мерка, тоа е инвестиција во иднината на државата. На самите 100 дена од мандатот на новата Влада, ја најавивте мерката за финансиска поддршка за купување на електронски ваучери од 15 300 денари. Мерка која што значи вложување во младите и во нивната дигитална независност и дигитална писменост. И затоа моето трето прашање е: Дали располагате со податок колку студенти до сега ја искористиле мерката за ваучери во вредност од 15 300 денари за електронски уреди и колку средства во буџетот се издвоени за оваа мерка?“, заклучи Попов.