Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Поплавени земјоделски површини и куќи, сè уште исклучително висок водостојот на Вардар во горното течение

По врнежите што ја зафатија земјава, најкритична е состојбата во село Форино,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По врнежите што ја зафатија земјава, најкритична е состојбата во село Форино, кое е најпогодено од поплавите, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште. Во Југозападниот Регион, во Кичево, на улицата Прилепска, регистрирано е најголемо поплавување на куќите и евакуирани се 220 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Заезерувања има и на улицата 29 Ноември во населбата Подварош, каде што се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвениот крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба.

Во Полошкиот Регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале цела ноќ поради обилните врнежи дожд и поплавувањата.

Според ЦУК, во Североисточниот Регион, во општина Липково, во дел од селото Опае поплавени се земјоделски површини поради излевање на Слупчанска Река, при што засега нема пријавени материјални штети. Поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре. Во Куманово, во селото Доброшане, на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска Река, има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на реката. 

Реклама

Во Скопскиот Регион, во општина Сарај, состојбата е мирна и се следи, а во општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Сел,о без непосредна опасност

Во Југоисточниот регион, во Струмица, засега нема пријавени штети од врнежите од дожд. Пријавен е одрон кај селото Суви Лаки кон Берово и за истиот се известени надлежните служби, додека во Источниот регион, во Пробиштип, регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Долни и Горни Стубол и екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Според УХМР, изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, најмногу врнежи имало во Гевгелија, 23 литри на квадратен метар, а најмалку во Прилеп и Тополчани, еден литар на единица површина. Измерени се и 20 литри на Попова Шапка, 17 во Крива Паланка и Штип, 13 во Скопје – Петровец и Лазарополе, 12 во Виница и Берово, 10 во Ѓуриште, 9 во Mаврови Анови, 8 во Kрушево и Пожаране, 7 во Тетово, 6 во Скопје – Зајчев Рид, 4 во Охрид и Велес, 3 во Струмица и Битола, како и 2 литра на квадратен метар во Кавадарци и Демир Капија.

Сè уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и сè уште постои опасност од излевање на реката во тој дел. Како што информира УХМР, водостојот на реката Треска изутринава е во намалување, но сè уште е исклучително висок и на критично ниво и постои опасност од излевање на реката на некои делници по течението. Исто така, Црна Река бележи зголемен водостој и во нејзиниот слив се можни локални заезерувања во Демирхисарско и во Пелагонискиот Регион во текот на денот. Водостојот на реката Кичевска полека се повлекува, но и таму сè уште остануваат делови со заезерени и поплавени површини. До крајот на денот се очекува висок водостој на реката Вардар во горното и средното течение, а има зголемувања во долното течение на реката кон Демир Капија и Гевгелија.

УХМР предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.