Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Помина мандатот на Сашко Митовски, а освен скандали и празни ветувања, граѓаните не видоа ништо, време е за промени во Крива Паланка

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во врска со градоначалникот на Крива Паланка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во врска со градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ, Сашко Митовски:

„Поминува мандатот на градоначалникот на СДСМ во Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. А, граѓаните освен скандали, насилство, празни ветувања и нереализирани проекти, не видоа ништо добро.

Како поминуваше времето, така скандалите се редеа, партиските вработувања во општинската администрација му станаа воспоставена практика, општината ја презадолжи, а општинското претпријатие Комуналец го упропасти.

Реклама

Ако во нешто може да се каже дека Митовски постигнал некој рекорд, тоа е бројот на поништени тендерски постапки. Во тоа е најдобар.

Но, тоа го покажува неговиот начин на водење на општината и отвора други дилеми, кои биле вистинските мотиви. Дали на време не успеал да се договори за процентот кој требало да му биде даден нему или пак, во меѓу време, некој друг апликант понудил повисок процент?

Тоа се прашања на кои Митовски ќе мора да даде одговори пред граѓаните на Крива Паланка.

Посебно, имајќи го предвид фактот дека тој е избраникот на Венко Филипче за кандидат за претстојните локални избори.

СДСМ се толку очајни, што никој друг не им се нафаќа да биде кандидат на изборите на кои ќе доживеат тежок пораз. Не можат да најдат нови, чисти, некомпромитирани кадри, па мораат да тераат кампања со стари излитени кандидати кои во нивното досегашно работење не оставија ништо добро за граѓаните, освен што го терале нивниот личен интерес.

Состојбата во СДСМ е до толку депресивна што немаа ни внатрешен процес на селекција на кандидати, па во Крива Паланка, со одлука на Филипче, го оставиле Сашко Митовски сам да ги изгуби изборите.

Поразот на СДСМ е неизбежен, затоа што граѓаните се мудри и нема повторно да поверуваат на шарените лаги и празни ветувања на Митовски.

Затоа што во изминатите години, граѓаните добро видоа кој е неговиот начин на работа, дека освен за личниот интерес, грижа за граѓаните и подобрување на условите на нивното живеење немаше.

Време е за промени во Крива Паланка, граѓаните заслужуваат градоначалник кој ќе работи во нивен интерес и кој ќе реализира проекти за подобрување на условите на живот.“