Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Мерка за заштита на семејниот буџет пред стартот на школската година

„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Владата донесе одлука со која цените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Владата донесе одлука со која цените на училиштниот прибор треба да се намалат во пресрет на новата школска година, за најмалку 10% во трговијата на големо и за најмалку 15% во трговијата на мало.

Попустот важи за се – од тетратки, ранци, моливи, фломастери, лепила, до калкулатори и ножици.

Одлуката се однесува на период од 15 август 2025 година до 15 септември 2025 година, а трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето. “- изјавија од Влада.

Реклама

Од Владата велат дека ова е една од мерките со кои се штити животниот стандард.

Треба јасно и видливо да истакнат плакат кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“,како и натпис: попуст на училишен прибор, од најмалку 15%.“- изјавија од Влада.

Пресметката што ја направи Алфа покажува дека за почеток на учебната година родителите треба да потрошат и до стотина евра за едно дете. Трошоците се поголеми ако тоа е прваче.

Ранците сега се продаваат од илјада до три илјади денари, тетратките чинат од 15 па до 100, гумите 15 до 50, а боите и фломастерите од 100 па нагоре. Кога се ќе се собере сумата и не е така мала.

За разлика од претходните години, овој септември не би требало да има проблем ниту со учебниците. Министерството за образование веќе соопшти дека се обезбедени книги за сите деца и за сите одделенија, вклучително и за странските јазици.

Мила Тодорова