Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Политиката на Македонија антимигрантска: Нема да има нелегални мигранти и мигрантски кампови во државава

Нелегални мигранти и мигрантски кампови нема да има во Македонија. Општинските советници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нелегални мигранти и мигрантски кампови нема да има во Македонија. Општинските советници на ВМРО-ДПМНЕ, наредната недела до советите ќе достават на гласање документ, со кој ќе се потврди антиемигрантската политика на државата, кажа премиерот Христијан Мицкоски. Покрај тоа ќе се бара да реагираат и други надлежни, односно да има кривична одговорност за оние кои шират паника во јавноста, на тема нелегални мигранти.

-Политика која што се бори против нелегалната миграција и генерално таков тип на процеси дека нема на територијата на тие општини да се создадат такви мигрантски кампови. И ќе побара од надлежните институции, согласно кривичниот законик да повеат процеси против сите оние кои што сеат страв, паника и покрај јавно изнесените деманти од страна на Владата, тие се кривично одговорни за тоа што го прават, изјави Мицкоски.

СДСМ пак повторно продолжува со истата реторика од минатите денови, дека во Македонија ќе се населувале мигранти.

Реклама

-Мигранти и пари. Со кредитот од 6 милијарди евра да ги плаќаме мигрантите, да ги храниме и да ја плаќаме изградбата на социјални станови за нив. Во Албанија веќе пристигнаа првите мигранти. Во Косово веќе пристигнуваат депортирани мигранти, а сите знаеме која држава е следна – Македонија, велат од СДСМ.

Мицкоски се прашува како од опозициската партија се излизгале на оваа тема, кога токму тие во 2018-та година на владина седница гласале изградба на мигрантски кампови, за што имало и протести на кои биле и ВМРО-ДПМНЕ. Според Мицкоски СДСМ тогаш обвинувале неговата партија е ксенофобична, за сега нивните обвинувања да се сосем спротивни, но и демантирани од амбасадата на Велика Британија.

-Јас не можам да се изначудам се уште кој ги насанка на оваа тема, бидејќи оваа тема тотално не оди во нивна полза, бидејќи самите тие се тие кои што на владина седница гласале да се градат тие прифатни мигрантски кампови и за што имало протести во минатото, вклучително и ние. Јас тоа го кажав во една изјава, дека во темелните вредности на ВМРО-ДПМНЕ е антиемигрантската политика, изјави Мицкоски.

Изминативе денови, демант за мигрантите стигна од цел државен врв. Министрите Панче Тошпковски, Стефан Андоновски, дури и шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова изјавија дека такво нешто нема да се случи. Претседателката била лично информирана од британскиот амбасадор дека нема да се носат мигранти во Македонија.

Матеја Петровски