Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Политичко самоубиство, промашена порака, обид да биде политички фактор со милитантен речник – рекации за споредбата на Филипче со Венецуела и Иран

„САД како наш стратешки партнер треба да знаат дека овде во нашава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„САД како наш стратешки партнер треба да знаат дека овде во нашава земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат.“ – рече Филипче на последната прес-конференција.

Македонија личела на Иран и Венецуела- промашена политичка проценка во очаен обид на првиот човек на СДСМ да ги сврти политичкото внимание на јавбноста кон себе. Во момент кога се отвора прашањето дали приматот во опозицискиот блок ќе остане кај СДСМ или ќе го преземе друга партија, милитантниот речник на Филипче, и штети на Македонија, но многу повеќе нему лично и на партијата што ја води.  

„Апсолутно станува збор за некоректна изјава и изјава која како да доаѓа од човек кој е без меморија. Овој народ има свое паметење и точно знае како изгледаше Република Македонија во периодот додека тие беа на власт и како е сега. Разликата е очигледна.“ – вели Зафировски.

Реклама

И според аналитичарот Петар Арсовски, споредбата не е издржана.

„Во интерес на вистината не мислам дека Македонија може да се спореди со Иран во смисла на режим. Мислам дека тоа не е умесна споредба. Директно мислам дека загрозувањето на човековите слободи и права во Иран е далеку поизразено. Го гледам тоа како дел од политички фолклор.“ – смета Арсовски.

Арсовски оценува дека станува збор за дел од заострената реторика на СДСМ во период кога партијата се обидува повторно да го зацврсти своето место на политичката сцена.

Според него, по релативно лошите резултати на последните локални избори, СДСМ влегува во фаза на понагласена, дури и милитантна комуникација, со цел да се позиционира како главна опозиција.

Според оценките на јавноста, ваквиот речник на СДСМ и Филипче не придонесува за политичка сериозност. Споредбите со Иран и Венецуела звучат како политичка хипербола, а не како аргументирана критика.

Наместо да ја зајакнат позицијата на опозицијата, тие можат дополнително да ја девалвираат тежината на нејзините пораки.