Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Политичка анализа: ДУИ и СДСМ не сработија ништо за граѓаните и државата, затоа нападот за нив е најдобра одбрана

Да за европска Македонија, Не за Македонија во изолација. Повеќе за сите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да за европска Македонија, Не за Македонија во изолација. Повеќе за сите, Не за Русија, Да за Европа – ова се клучни поенти со кои СДСМ и ДУИ се обидуваат да ќарат гласови на престојните избори. Наративот кој партиите на Ковачевски и Ахмети го наметнуваат е дека само тие се прогресивни и водилка кон Унијата додека другите партии, вклучувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ биле партии кои ја воделе Македонија во изолација.

Според универзитетскиот професор Владимир Божиновски, тоа е тотално промашена кампања на социјал-демократите и интегравиците, кои во недостаток на идеи, бадијала се надеваат на глас плус. Божиновски вели иронично е партија која затвори без малку милион граѓани во границите на Македонија оти нивните минсистри не набавиле пасоши, да зборуваат дека неког друг заговара изолација.

Дополнително, мислам дека се многу јасни позициите на ВМРО-ДПМНЕ дека они продолжуваат со евроинтеграцискиот пат на Македонија, но дека не може Македонија како во изминативе 6-7 години буквално да прифаќа се што ќе и биде сервирано, а притоа да нема некаква опиплива добивка или опиплив напредок. После 6 години преговарање на СДСМ ние во моментов сме заглавени до тој степен, да сега нашата позиција во однос на ЕУ е можеби и полоша отколку што беше во 2016година, рече за Алфа Владимир Божиновски – универзитетски професор.

Реклама

Според СДСМ сме биле заглавени пред портите на Унијата, не по нивна вина, туку оти опозициските партии правеле опструкции. Интегративците пак ловат руски шпиони и ботови се со цел да покажат колку се они прозападно ориенирани, а другиве наводно не се.

Затоа со тој тип на кампања прво нема да може да се мобилизираат дополнителни гласови, а второ можеби тоа го покажува недостатокот на кавлитетна идеја за кампања која би можела на некој начин да ги подобри шансите на СДСМ кои во моментов и не се така сјајни, рече за Алфа Владимир Божиновски – универзитетски професор.

Дека ваквата кампања не вродува со плод покажуваат и последните анкети каде ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ и ДУИ. И за претседтелските избори, анкетите покажуваат огормна предоност на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, односно Силјановска, наспори оној на СДСМ, Пендаровски, и Османи кој е канидат на ДУИ.