Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Полициски инспектори им пренесувале службени тајни на членовите на бандата „Дуќанџик“ од Грчец

Двајца пензионирани полицајци наместо да и служат на државата која ги плаќа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца пензионирани полицајци наместо да и служат на државата која ги плаќа, рапортирале пред шефот на групата Грчец, Шеваљ Муареми. Главните инспектори за имотни деликти откривале службени тајни, им кажувале за акциите и апсењата кои ги планира полицијата од декември 2019 до март 2021 година. Шеваљ Муареми успеал да ги мотивира пензионираните инспектори да ја алармираат групата за секој потег на полицијата, а за тоа биле наградувани со станови, коли и кеш кои не можат да се дозволат со плата на полицаец. Картелот засилен со двајца вработени во МВР, успеале да заташкаат дури пет претмети меѓу кои и акцијата „Планина“ во која главните од групата Дуќанџик од Грчец им избегаа на органите на прогонот. Протекувале информации од истрагите за убиства од 2020 и 2021 година, а се служеле и со закани – жртвите да менуваат искази пред инпекторите.

  • „Осомничените, од користољубие, се поврзале со организираната криминална група „Дуќанџик“ од с.Грчец и како припадници со посебна улога, поттикнати со умисла од првосомничениот во предметот „Грчец“, пренесувале службени информации. Во наведениот период осомничените од кои двајца поранешни главни инспектори за имотни деликти, односно недозволена трговија со дрога, преку третоосомничениот за криминалната група прибавувале, пренесувале и споделувале информации за постапки што се од значење за јавната безбедност, како и за безбедносни и разузнавачки активности на државните органи“ соопштија од Обвинителството.

Уапсените кои паднаа сега но и во претходната акција на полицијата,  комуницирале на енкриптираната „SKY/ECC“ апликација преку која паѓале договори за набавка и пренесување на кокаин од Јужна Америка преку Европската Унија до Македонија.

  • „Начинот на кој пријавените ги извршувале делата предизвикало штета врз работењето на државните органи во постапките за кривичен прогон на лица, кои се од значење за јавната безбедност, безбедносните и разузнавачките активности на органите, како и прибирање и пренесување на информации кои не се наменети за јавна употреба, а со чие откривање се намалила ефикасноста на работењето на државните органи“ велат од МВР.

Додека мрежата на Муареми се отплеткува, тој засeга е само осомничен, бидејќи е во бегство и се наоѓа во Дубаи. Во јули годинава беше поднесено обвининие за петмина од групата Дуќанџик од Грчец кои се товарат за шверц и продажба на кокоаин.