Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Полицијата ја отвори вратата од домот на Груби, а може да заѕвони и кај Ковачевски

Артан Груби изгледа ја доби седмицата на лото, а се проверува дали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Артан Груби изгледа ја доби седмицата на лото, а се проверува дали неговиот тогашен шеф, екс-премирот Димитар Ковачевски има вмешано прсти во криминалната томбола наречена Државна лотарија.

Полициски службеници утринава извршија претреси во домовите на поранешниот вицепремиер Груби и екс директорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами.

Таа во координација со јавен обвинител и судија на претходна постапка вршела претреси на девет локации, а акцијата се oднесува за набавката на Државна лотарија на „ВЛТ„ апарати вредни над 10 милиони евра.

Реклама

Станува збор за неколку тендери за набавка на нови коцкарски апарати. Едниот договор од нив беше тежок 18,8 милиони евра кој го доби странскиот ортак на македонска лотарија. ХТЛ Македонија, фирма која е во сопственост на австриската Новоматик.Имаше и друг тендер за набавка на терминали каде Новата Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ зема 3,7 милиони евра.

Груби бил баран на две адреси и на две го барале и Перпарим Бајрами, додека на пет други биле барани членовите на Комисијата за јавни набавки при Државната лотарија. Засега нема информации дали само се вршат претреси за обезбедување материјални докази или ги бараат Груби и Бајрами за давање искази во полиција.

Според полициски извори, во истрагата се проверува и работењето на Ковачевски, односно неговото влијание во случајо, иако засега не е извршен претсрес кај него дома.

Груби и Бајрами не биле на локациите кои ги посетила полицијата. Како што е познато, Груби вчеравечер самиот објави на социјалните мрежи дека се наоѓа во приватна посета на Косово, но не кажа дали и кога ќе се врати. За  Бајрами се шпекулира дека ја напуштил државата уште пред еден месец и се наоѓа на Косово.

Пред цела една година – Артан Груби, ДУИ, Ковачевски и Лотарија повеќе пати беа прозивани од тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ, за скандалот како тоа директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами изнајмува локал во скопско Визбегово за цели 21.000 евра месечно од фирма чијшто дел е член на УО на Лотарија, Шабан Азмовски, Хамза и тоа со договор на неверојатни 10 години?

И премиерот Мицкоски пред неколку месеци, најави сериозо чешлање на документациите поврзани со Државната лотарија.

Сега, не сакаше конкретно да ја коментира истрагата за Груби остави простор тоа прво да го стори МВР. Но вели робустната борба со криминалот и корупцајата ќе продолжи.

„Имам некакви начелни информации, но би се воздржал од коментар додека не дојде начелно соопштение од МВР. Претходно кажавме дека ќе има силна робусна борба против организираниот криминал – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Груби минатиот понеделник се разбуди на црната листа на САД за случај со значителна корупција и директна вмешаност во судски скандал со мито и корупција.

Со Груби поврзани се голем број на финансиски скандали, меѓу нив е и купопродажбата на деловен простор во центарот на Скопје што го објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, доделувањето на лиценца за баждарење бензински пумпи на фирма исто така во сопственост на неговиот брат, и отпишувањето јачмен од државните резерви.