Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Полицијата доби нови 120 современи возила

Македонската полиција се поднови со 120 нови возила од марката „Peugeot 408“.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската полиција се поднови со 120 нови возила од марката „Peugeot 408“. Секоја полициска станица во Македонија ќе добие по најмалку една кола, а најмногу возила ќе добие Секторот за внатрешни работи Скопје. Автомобилите се опремени со современи технолошки карактериристики односно со дигитален радиокомуникациски систем кој се користи за координација помеѓу полициски службеници. Набавката МВР го чинело 3,2 милиони евра или 30 милиони денари помалку од предвиденото, а во цената спаѓа и петгодишно одржување на возилата.

  • „Возила коишто навистина се моќни, возила коишто во рамки на својата техничка опрема ги имаат сите современи технолошки карактеристики за да одговорат на сите предизвици, како и секоја една друга полиција во светот. Возила во рамки на коишто ги имаме најсовремените тетра системи со потребни информации, за полициските службеници на лице место да ги извршат потребните проверки на евиденција и сите анализи на податоци коишто ги имаме во рамки на Министерството,“ појасни Тошковски.

Со новите возила се подобрува мобилноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи, а власта ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти, рече премиерот Христијан Мицкоски.

  • „ Би сакал да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето коишто го водат ова Министерство, за успешно завршената набавка, за успешно завршениот проект и она што е многу важно – се подобрува мобилноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи. Владата ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти “ – рече премиерот.

По полициските возила, Владата ќе набавува и возила за брзата помош. Според премиерот во текот на следната година, ќе се донесе одлука да набават 100 возила за здравствените капацитети кои вредат над 7 милони евра.

Реклама
  • „Вредноста на тој проект е околу седум ипол милиони евра. Во 2027-ма година ќе бидат набавени уште 50  како резултат на донација. Значи отприлика околу 150 нови возила за Итната медицинска помош ќе имаат здравствените домови. Во Скопје се вози само со 7 исправни возила, а има многу градови кои немаат  исправно возило на Итна медицинска помош. Зошто? Затоа што со децении ништо не се направило,“ рече Мицкоски.

Возилата кои ги доби македонската полиција засега нема да се користат како дел од системот Безбеден град. Според министерот, „Сејф сити“ ги регистрира сите преркшоци и подеднакво ги казнува како приватните така и службените возила. Откако статуваше пробниот период, намален е бројот на регистрирани прекршоци и ќе продолжи да регистрира прекршоци по надминување на брзина 50 км/час во градска средина. Толеранцијата до 57 км/час ќе биде наскоро имплементирана во системот, а кога ќе се случи тоа јавноста ќе биде известена.