Реклама

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Македонија

Подметнувач на пожар фатен на дело: Видео снимка како потпалува сервис за автомобили во населбата Пинтија во Скопје

 Видео доказ дека во Скопје се подметнуваат пожари. Маж со качулка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Видео доказ дека во Скопје се подметнуваат пожари. Маж со качулка на главата се прикачува преку оградата, ги полива со бензин автомобилите во сервисот, ги пали и потоа бега. Ова го снимиле камерите утрото 20 минути пред 4 часот во населбата Камник над Стаклара во скопска Пинтија. Потпалувачот предзивика силен пожар кој опфатил 20-тина возила, гуми и масло, а пожарикарите со осум возила повеќе од два часа се обидувале да ги смират пламените јазици кои се прошириле преку улицата и го зафатиле и соседниот сервис за автомобили. Брзата реакција спречила поголема катастрофа бидејќи во неспоредна близина има далновод за струја, но и голем број куќи.    

Експлозии од автомобили го разбудиле локалното население. Неколку минути подоцна полицијата им затропала на врата и им кажале да се евакуираат поради опасноста пожарот да се прошири, сведочи жител пред камерите.

  • „Имаше голем пламен, сепак, гореле гуми, пластика, работи кои можеби се и канцерогени, не знам, тоа експертите подобро да кажат. Не беше баш пријатно за дишење, особено кога сте во непосредна близина“, додаде тој.

Сопственикот зад камера вели дека не е во конфликт со никого кој би бил потенцијал подметнувач на пожарот во неговиот сервис. Според сведоците, дека иако пожарот бил локализиран, се гасел подолго бидејќи на места тлеел, па повторно се разгорувал.

Реклама
  • „Но, со навремена координација на самите пожарникари го локализираа успешно и го ставија под контрола и не дозволија да се прошири и да ги загрози куќите во околина каде што има население“, додава жителот.

Ова е само уште еден во низата пожари кои изминативе денови се подметнуваат во главниот град, но и низ цела држава. По Вардариште, Шутка, Трубарево и Дрисла, каде синоќа околу 23 часот повторно избувнал пожар овојпат на сосема друго место на депонијата од претходните денови. Брзо реагирале пожарникарите и огнот бил изгаснат и затрупан за еден час.

  • Поради специфичноста на пожарот беше потребно истовремено гаснење и затрупување на опожарената површина, за што беа активирани градежни машини кои веќе беа присутни, а нивните возачи брзо пристигнаа на лице место. со ова беше спречено ширење на огнот во главнината на депонијата“ – велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Полицијата веќе ги засили контролите на критичните точки за да се спречи повторно подметнување пожари и разгорување на веќе локализираните.