Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Пoдигнување на свеста за органодарителството – Клуч за повеќе трансплатации

Бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува,стотина пациенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува,стотина пациенти во Македонија со години чекаат орган. Дваесеттина се на листата за трансплантација на срце, петанесет за црн дрб,а дури 47 за бубрег,најмладите од нив се на 16 односно 17 годишна возраст.Но бројката на луѓе на кои им треба трансплантација е многу повисока од официјалните.Тие не фигурираат на листата за трансплантација, затоа што испитувањата кои мора да ги направат се многу скапи, парите мора да ги дадат од свој џеб, а најчесто мораат и да ги повторуваат за една или две години.И во една ваква ситуација пациентите не отстапуваат,бараатзголемување на бројот на трансплатации посебно за срце.Повеќе од две години не е направена трансплантација на срце,а нити една операција за замена на вештачка пумпа со срце од донор.Крајно време е националниот тим за трансплантација да се консолидира вели Васко Јолески, од здружението “Храбро срце.”

 “И се повеќе и повеќе млади луѓе чекаат на овие листи,да не споменувам имиња,меѓутоа најмладиот пациент конкретно кој што чека срце за трансплантација е  26 годишна девојка.Таа граница е поместена,значи од 26 до 43 години, тие пациенти го чекаат повикот за живот практично, кој што за жал повеќе од нив ги изгубивме.Не го дочекаа повикот токму поради тоа што свеста за органодарителство во државава е сеуште на многу ниско ниво”– вели Ирена Ралева Најдевска,сопруга на пациент со механичка потпора на срце

Но заеднички став и на пациетите и лекарите е дека треба да се подигне свеста кај граѓаните за органодарителство.Хуманоста е благороден чин,вели стружанката Соња Столеска која најдобро знае што значи борба за живот.Таа на свои 33 години поминала низ страшна голгота и кога повеќе не постоело надеж за спас и била извршена трансплантација на црн дроб од починат донор,благодарение на нечија човечност.

Реклама

” Државата прво мора да покрене активност околу ова тема која што е во сенка, да дојде на врвот.Второ многу пари,многу болници, многу кадри а тоа е се пари и само така ќе можеме да одиме понатака.Нема поголема хуманост од тоа да се дарува орган и да знаете дека не спасувате само живот,давате надеж, давате дете да порасне,давате некој да се омажи, да се ожени, да остари “-вели Соња Столеска-поранешен пациент

Во Македонија веќе 12 години се извршуваат кадаверични трансплантации,но таа бројка е премногу мала.

 “Па малку е затоа што на листата на чекање се над 100 пациенти за бубрези.Греота е да чекаат толку луѓе да се добие орган,мораме да ја потенцираме кадаверичната трансплантација “– вели проф.д-р Сашо Дохчев

https://youtu.be/JvaCrPPZV_I