Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Поддршката на Малта за евроинтеграциите во фокусот на средбата Гаши-Фаруџа

На маргините на Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир што се одржува денеска во Собранието, Африм Гаши, претседател на Собранието на Македонија остварил средба со Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта. Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата се изразило задоволство што Собранието е домаќин на овој меѓународен настан […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир што се одржува денеска во Собранието, Африм Гаши, претседател на Собранието на Македонија остварил средба со Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата се изразило задоволство што Собранието е домаќин на овој меѓународен настан како и за можноста да се разговара за перспективите на идната соработка меѓу Северна Македонија и Малта.

-Претседателот Гаши истакна дека парламентарната дипломатија претставува значаен сегмент во секојдневното парламентарно работење и можност за промовирање на видливоста на еден парламент надвор од границите на државата, но и можност за споделување на заеднички искуства и добри практики меѓу двата национални парламенти, со посебен акцент на евроинтеграциите и искуствата на Малта како мала земја членка на ЕУ при нејзиниот процес на пристапување во ЕУ. Тој ја потенцираше важноста од принципиелност од страна на ЕУ во процесот на проширување кон земјите од Западниот Балкан како и целосна примена на Копенхашките критериуми и принципот на заслуги, стои во соопштението.

Реклама

Претседателот Фаруџа искажал благодараност што Собранието е домаќин на оваа меѓународна конференција. Тој укажал дека Малта целосно го поддржува европскиот пат на нашата држава и смета дека неправедно се закочува пристапувањето кон ЕУ, пат кој трае скоро четвртина век откако земјата е кандидат за членка на ЕУ. Изрази надеж за размена на искуства и добри практики, нешто што за нашето Собрание ќе биде од исклучително значење, особено во рамките на евроинтеграцискиот пат.

Двајцата соговорници се согласиле дека билатералните односи меѓу двете држави претставуваат одлична основа за интензивирање на идната заедничка соработка на сите нивоа и изразија уверување дека двата парламенти во наредниот период ќе ја интензивираат соработката.