Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Поддршка за меѓувладин договор со Франција како стратешка можност за нови инвестиции

Собраниската Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика оствари средба со претставници од Француската бизнис-конфедерација – МЕДЕФ, во чиј фокус биле транспортната инфраструктура (железници и патишта); енергетиката и обновливите извори на енергија; водата, животната средина и третманот со отпадот и отпадните води. Како што соопшти собраниската прес-служба, претседателот на Комисијата Бојан Стојаноски, изрази особено […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика оствари средба со претставници од Француската бизнис-конфедерација – МЕДЕФ, во чиј фокус биле транспортната инфраструктура (железници и патишта); енергетиката и обновливите извори на енергија; водата, животната средина и третманот со отпадот и отпадните води.

Како што соопшти собраниската прес-служба, претседателот на Комисијата Бојан Стојаноски, изрази особено задоволство што гостите доаѓаат од Франција како една од водечките економии во рамките на ЕУ, која како заеднички пазар претставува најголем трговски партнер на нашата земја.

Стојаноски информирал за двата капитални енергетски проекта кои имаат особено значење на среден и долг рок – изградбата на хидроелектраната „Чебрен“ на Црна Река и проектот „Вардарска Долина“, кој предвидува изградба на 12 хидроелектрани долж Реката Вардар. Нивната реализација би придонела за трансформација на енергетскиот сектор и забрзување на процесот на зелена транзиција.

Реклама

Францускиот амбасадор во земјава, Кристоф ле Риголер, ја нагласил заинтересираноста на француските компании кои се меѓу светските лидери во своите области, за учество во долгорочни инфраструктурни и енергетски проекти во државата, притоа истакнувајќи ја важноста од институционална поддршка за нивна реализација.

-Претседателот на Деловниот совет, Кристоф Пети, го потенцираше значењето на потпишувањето меѓувладин повеќесекторски договор со Франција, кој би овозможил поефикасна реализација на проекти преку поедноставување на процедурите и ангажирање технички и оперативно подготвени компании. Тој посочи дека ваквите проекти би создале можности за вклучување и стручно оспособување на млади кадри од земјата, стои во соопштението.

Претставниците на француските компании ги презентирале своите решенија во повеќе области, меѓу кои физички и дигитален идентитет, складирање енергија од обновливи извори, изградба и финансирање здравствени установи, транспорт и железничка инфраструктура, како и проекти за заштита на животната средина и санација на загадени подрачја.

Членовите на Комисијата изнеле свои мислења и идеи за унапредување на соработката со францускиот бизнис-сектор, вклучително и поголема промоција на француските компании во земјава, развој на дата-центри и нови можности за партнерство во туризмот, екологијата и образованието.

На средбата била истакната заедничката оценка дека потпишувањето на меѓувладин договор би било од стратешко значење за државата, овозможувајќи привлекување свеж капитал, трансфер на знаење и влез на реномирани меѓународни компании на македонскиот пазар. Било изразено задоволство од широката поддршка во законодавниот дом за ваков тип соработка, заснована врз европски стандарди и најдобри практики, додаваат оттаму.