Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Под мотото „Ајде да поминиме време заедно!“ почнува 21. издание на АКТО фестивал за современи уметности

Под мотото „Ајде да поминиме време заедно!“ во Скопје ќе се одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Ајде да поминиме време заедно!“ во Скопје ќе се одржи  21-то издание на АКТО фестивал за современи уметности, во организација на платформата „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ).

Програмата, од денеска до 4 октомври, вклучува перформативни уметности, предавања, едукативни работилници, изложби и музички содржини.

Фестивалските случувања ќе се одвиваат во киното и дворот во Железничката зграда, Амфитеатарот на Архитектонскиот факултет – УКИМ и галеријата Сули-ан при ФЛУ.

Реклама

На свеченото отворање денеска, во киното ќе биде изведен перформативен [радио] есеј „Железничарот на крајот на светот“ . На истата локација, од 1 до 3 октомври ќе се одвива едукативно-работен процес под наслов „Лабораторија за перформативно-просторни практики: Градот како сцена”. 

На АКТО, како што посочуваат организаторите, годинава гостува реномираниот архитект, сценограф и водечки теоретичар во областа на сценската архитектура и дизајн, професор Радивоје Динуловиќ (SCEN, Нови Сад), кој  на 1 октомври ќе одржи јавно предавање на Архитектонскиот факултет. 

Во рамки на АКТО, на 2 октомври во Сули-ан се отвора  традиционалната, дваесетта по ред изложба на финалистите на престижната награда ДЕНЕС 2026 за млад/а визуел(е)н/а уметник/чка до 35 години.  

Програмата ќе биде заокружена на 4 октомври, со целодневен завршен настан „Бистро на еден ден“, во дворот на Железничката зграда. Настанот е конципиран како интервенција во јавен простор која опфаќа детска ликовна работилница, музичка програма, перформативно готвење и претставување на локални креативни иницијативи и издавачи.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од ГЕТЕ институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Македонија, како и преку проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Настанот XX ДЕНЕС награда 2026 е финансиски поддржан од Trust For Mutual Understanding, Њујорк, информираат од тимот на АКТО фестивал за современи уметности.