Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

„Почнува санацијата на патниот правец Драчево – Долно Лисиче – Јурумлери, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот“

Денес, заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, извршивме увид во градежните активности за санација на дел од регионалниот пат Р1106, делница Драчево-Долно Лисиче, објави Коце Трајановски, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

Продолжуваме со активности насочени кон подобрување на патната инфраструктура во и околу населените места, каде што е неопходна итна санација на коловозот. Една од тие санации е потребна на регионалниот пат R1106, односно на делницата од Драчево до Долно Лисиче, потенцираше директорот на ЈПДП, Трајановски.

Тој додаде дека на оваа делница, која има променлива ширина од 5,5 до 6 метри, е потребна изработка на тампонски слоеви, подигнување на шахти, асфалтирање и други придружни градежни активности, кои веќе се отпочнати.

Реклама

Дополнително, ЈПДП ќе започне со постапка за проектирање на овој регионален патен правец Драчево – Долно Лисиче – Јурумлери со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот за сите учесници, објави Трајановски на својот фејсбук профил.