Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Почнува пилот-имплементацијата на Е-фактурата од 1 јануари: Проектот се движи според планот

Нема повеќе прикривање на прометот и злоупотреби со фиктивни фактури. УЈП ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема повеќе прикривање на прометот и злоупотреби со фиктивни фактури. УЈП ја најави новата даночна реформа, со која треба да се создаде поголема транспарентност во работењето на компаниите. Од 1 јануари стартува пилот проектот Е-фактура, со кој даночната администрација ќе може полесно да ги следи и контролира трансакциите во реално време. На овој начин ќе се намали сивата економија и ќе се подобри управувањето со јавните финансии.

„За многу кратко време ќе ги објавиме техничките документации за АПИ интерфејсот, тој е тој комуникациски механизам преку кои ќе треба да се обезбеди автоматска и безбедна размена на податоци меѓу системите на компаниите и системот Е-фактура. Со тоа компаниите ќе можат да започнат со подготовка на своите софтверски решенија, со техничка интеграција на системите и да започне тестирање на процесот на издавање и примање на фактури во контролирана тест околина“, изјави Елена Петрова директор на УЈП.

Во однос на исплатата во врска со побарувањата за ДДВ од страна на компаниите, Петрова објасни дека станува збор за динамичен процес и дека состојбите се менуваат од ден за ден, во зависност од поднесените исправки на даночните пријави, решенија и уплатите во Министерството за финансии.

Реклама

„Со крајот на ноември имавме побарувања од околу 511 милиони евра кои доспеаа за исплата во текот на оваа година, а исплатени се околу 504, 505 милиони евра. Ова се состојби кои секојдневно се менуваат бидејќи даночните обврзници поднесуваат исправки на пријави, ние ги добиваме на 25 но секој ден имаме исправки со кои побарувањата се зголемуваат, намалуваат, доаѓаат даночните решенија со кои исто така имаме промена на износите, се вршат исплати во Министерството за финансии“, изјави Елена Петрова директор на УЈП.

Иако граѓаните сè почесто ги скенираат фискалните сметки, дел од нив сè уште пазарат кај трговци што не го почитуваат законот. Со тоа тие им помагаат да го прикријат прометот. И по 24 години од воведувањето на фискалните апарати, кај граѓаните се уште постои слаба даночна дисциплина. Според Петрова последните контроли покажале дека кај 25% од операторите се утврдени неправилности. Затоа во наредниот период фокусот на инспекторите на УЈП ќе бидат угостителските објекти. До 30 јуни годинава се регистрирани 75.604 фискални апарати, а бројот на активни фискализирани даночни обврзници е 38.939.