Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Владата го усвои Предлог-буџетот на 29 октомври и во него економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7 проеценти, буџетскиот дефицит на четири проценти од БДП, а инфлацијата на 2,2 проценти.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,838 милијарди денари или за 13 проценти повеќе, а порастот се темели на поефикасната наплата и борбата со неформалната економија. Вкупните расходи се на ниво од 400,2 милијарди денари или за 10 проценти повеќе во однос на годинава, а дефицитот е на ниво од 41,350 милијарди денари и номинално е понизок за 3,3 милијарди денари.

Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, со Предлог-буџетот се поставени темелите за стабилизација на јавните финансии и економскиот раст. Тој содржи политики и мерки за фискална консолидација и дисциплинирано даночно трошење, како и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст.

„Со еден збор креиравме Буџет којшто треба да носи вистински развој на државата. Капиталните расходи се на ниво од 50,65 милијарди денари што претставува зголемување за 13 проценти или 6 милијарди денари во однос на ребалансот на Буџетот за оваа година. Токму на ова го темелиме развојот. Дополнително, износот на капиталните расходи е повисок од номиналниот износ на дефицитот. Она што е најважно е дека креираме решенија за да постигнеме вистинска реализација на капиталните расходи и да ја промениме состојбата од минатото. Тука ќе биде нашиот фокус и затоа ја сменивме и политиката“, истакна министерката за финансии.


Во Предлог-буџетот, според министерката, се намалуваат средствата за непродуктивни трошења како што се ставките за мебел и возила, а обезбедени се средства за поддршка на животниот стандард на хграѓаните, односно средства за зголемување на пензиите за 2,500 денари во март за што се предвидени 105 милијарди денари.

За исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемување на платите во образованието, како и пари за поддршка на ранливите категории за кои се предвидени 14,5 милијарди денари, за здравствена заштита 5,2 милијрди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари.

Опозицијата најави дека нема да даде поддршка на Предлог-буџетот затоа што според нив тој е нереален и неразвоен. Пратениците од СДСМ поднесоа над 200 амандмани.

„Овој буџет, како што е предложен, е скроен да ги задоволи потребите на власта, а не на граѓаните“, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Владата според него предвидува раст на БДП од 3,7 отсто за 2025 година, кој нема да може да го оствари, а потврда за тоа според Филипќе се проекциите на Народна банка, која го определи на 3,3 отсто и проценка на Светска банка 2,5 отсто.

„Владината проекција за висок раст на БДП е поставена на нереална основа и има за цел да оправда поголем буџетски дефицит. Ваквиот пристап ќе значи и зголемување на јавниот долг без да донесе никаков развој. Со други зборови ќе трошиме повеќе од тоа што заработуваме, а долгот ќе мораме да го враќаме во иднина веројатно со многу повисоки даноци или со кратење на пари за други подобри јавни услуги. Сите овие податоци покажуваат дека Владата е подготвена да ги задолжува граѓаните до следните три поколенија, без да создаде развој, изјави вчера лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Поднесените амадмани, како што рече, се направени по сериозни анализи по сектори од експерти кои со години работат на соодветната проблематика и се димензионирани врз основа на потребите на луѓето кои работат во тие сектори.

Комисиската расправа, според новиот Деловник, би можела да трае до 30 ноември по што Предлог-буџетот треба да биде донесен на пленарна седница.

Претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за МИА соопшти дека во втората половина на декември се очекува Предлог-буџетот да се најде на пленарна седница.

– По новиот Деловник, веќе е утврден крајот на ноември односно 30 ноември како последен датум кога треба да заврши комисиската расправа.

Потоа се носи предлогот до Влада, очекуваме Владата да го дополни предлогот и во втората недела од месец декември треба да биде свикана пленарната седница, која трае пет дена и се надеваме дека во рамки а тие четири – пет дена ќе биде донесен буџетот за 2025 година, изјави Гаши.