Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција. Во министерството за енергетика беше потпишан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција. Во министерството за енергетика беше потпишан договорот со избраниот изведувач Рапид Билд. Овој договор се случува  по повторното распишување тендер откако минатата година беше стопиран проектот од ЕИБ , по што од банката која дадоа совет до македонските власти да  се распише нов тендер.

Сега избраната Рапид Билд понудила најниска цена од 59,9 милиони евра, што била за 12 милиони евра пониска од претходно. Проектот предвидува 68 киломентри модерна инфраструктура, а со изградбата на интерконекторот која се очекува да заврши во 2027  година, Македонија ќе има можност да се снабдува и со природен гас од терминалите во Ревитуса и Александруполи, односно ќе се намали зависноста од само еден извор. Моментално конекција имаме само преку Бугарија.

Со потпишувањето на договорот за изградба на македонскиот дел од гасниот интерконектор со Грција, го означуваме почетокот на најголемата енергетска инвестиција во Македонија во изминатите десет години. Овој интерконектор е доказ дека кога постои политичка волја, регионална доверба и професионална посветеност – резултатите се реални и опипливи, рече Министерката Божиновска.

Реклама

Избраната компанија е единствената македонска која била пријавена на јавниот повик. Од Рапид Билд уверуваат дека ги имаат сите потребни капацитети и имаат огромно искуство во изградба на магистрални гасоводи и ќе се работи максимално посветено и квалитетно да се заврши навремено. Новиот изведувач е избран за само 9 месеци откако и се формираше министерството за енергетика по смената на власта

Нашето досегашно искуство вклучува успешно реализирани проекти и надвор од границите на земјата, што е потврда за нашата сериозност, професионалност и способност да ги испочитуваме сите поставени рокови и стандарди,“ изјави Каранфиловски.

„Ова е историски проект што не само што го поврзува нашиот енергетски систем со Грција, туку ни овозможува пристап до европските пазари на енергија. Благодарност до сите партнери за довербата и соработката.“ – рече Мухамед Елмази, извршен директор на НОМАГАС АД Скопје

Од Европската инвестициска банка кои се финансиери на проектот велат дека ова не само што ќе ја поддржи диверзификацијата туку и ќе ја интегрира Македонија на европскиот пазар.

Инаку, Вкупната должина на целиот гасовод е 123 километри и тој треба да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. Македонскиот дел од гасоводот треба да се поврзе со грчка страна каде стартуваше изградбата пред неколку месеци .Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до три милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.