Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Почнува еснеската дезинсекција и дератизација во Куманово

Во Куманово од 5 до 7 октомври ќе се спроведе вториот есенски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Куманово од 5 до 7 октомври ќе се спроведе вториот есенски циклус на дератизација и дезинсекција во канализациската мрежа на територијата на Општина Куманово.

Од Општината информираат дека третманите ќе се реализираат во периодот од 8 до 16 часот. Ќе се спроведува дератизација против глодари и третман против црна лебарка во канализациската мрежа.

-Во вториот есенски циклус, ќе се одвива дератизација против глодари и третман против црна лебарка, во канализациската мрежа на територија на Општина Куманово. Во процесот на дератизација ќе се користи препаратот deration parafinato и препаратот cymina plus за третман против лебарки-наведуваат од општина Куманово.

Реклама

Од таму информираат дека, во случај на неповолни временски услови, планираните третмани ќе бидат одложени за првиот нареден ден кога условите ќе дозволат нивно безбедно спроведување.

Општина Куманово за услуги кои се извршуваат неколку пати во годината, за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари од општинскиот буџет оддели над еден милион денари (1.112.400,16). За авионско третирање со инсектицид против комарци – возрасна форма општината одвои над 1, 5 милиони денари од буџетот (1.569.376,40).