Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Почна самитот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово во Охрид ги пречека гостите учесници на самитот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово во Охрид ги пречека гостите учесници на самитот на Процесот Брдо-Бриони заедно со коорганизаторите, претседателите на Словенија и на Хрватска – Наташа Пирц-Мусар и Зоран Милановиќ.

По официјалниот пречек, се очекува да почне работниот дел на состанокот, на кој ќе присуствуваат и вршителот на должноста претседател на Србија – Александар Чупиќ, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина – Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ, како и претседателите на Албанија и Косово – Бајрам Бегај и Јустина Широка-Пула.

По завршувањето на средбата, во 14.30 часот е најавена заедничка прес-конференција на Сиљановска-Давкова, Пирц-Мусар и Милановиќ.

Реклама

Во рамките на самитот е предвидено да се одржат и билатерални средби на учесниците.

Самитот во Охрид е трето македонско претседавање со Процесот Брдо-Бриони. Лидерите на земјите учеснички се состануваат еднаш годишно, со што одржуваат редовен политички дијалог.

Брдо-Бриони се заснова на солидарност и партнерство на земјите од регионот во процесите на европска интеграција, со цел поттикнување политички дијалог на највисоко ниво, зајакнување на довербата и интензивирање на дијалогот меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.

Процесот ја зајакнува и унапредува регионалната соработка во областите од заеднички и споделен интерес (инфраструктурни проекти, транспорт, енергетска политика, овозможува размена на информации за внатрешната политичка состојба на земјите од регионот, конструктивна дискусија за прашањата и предизвиците наметнати од актуелната состојба во регионот и во Европа, заедничка анализа на влијанието на европските и глобалните случувања врз регионот и земјите поединечно и помага во зајакнувањето на економската соработка меѓу земјите и економскиот развој на регионот.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: