Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Почна реконструкцијата и адаптацијата на спортската сала во комплексот на УКИМ

Спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, која повеќе години е оставен во руинирана состојба, конечно биде ставена во фунција за потребите на студентите. Министерството за спорт го означи почетокот на градежните работи за комплетната реконструкција и адаптација на салата во вкупна вредност од 54 милиони денари. 

Министерот за спорт, Борко Ристовски, на официјалниот старт нагласи дека салата, која повеќе од деетина години стои руинирана без сопственик, конечно ќе биде ставена во функција до крајот на година. 

– Конечно покажавме како министерство дека сакаме и поставуваме стандарди и ги исполнуваме ветувањата. Минитертвото за спорт направи пет реконструкции на спортски сали и над 45 реконструкции на спортски игралишта, ги завршивме сите базени кои беа започнати и оставени од претходната власт. Ова е уште еден доказ дека министерството останува фактор, кој ќе промовира позитивни работи и вистински вредности, а тоа е спортската инфраструктура, затоа што без спортска инфраструктура почнувајќи од училишниот спорт, па универзитетскиот спорт и на крај професионалниот спорт да дадеме акцент и поставиме цели кои што ќе можеме да бараме резултати во иднина – изјави Ристовски. 

Реклама

Проектот чини 54 милиони денари и треба да биде завршен до крајот на годината. 

Ректорката на УКИМ, проф. Биљана Ангелова, нагласи дека со ова се решава децениски проблем. 

– Првиот договор е направена 2007 година, но од тогаш досега имаше низа проблеми од дозвола до изведување на градежните работи. Сега се реши правниот статус на салата, која најпрво премина во владение на Владата, а потоа со одлука на Влада е предадена во владение на УКИМ. Паралелно направени се нов проект и ревизија за обновување на градежната дозвола, која беше истечена пред десетина години. Очекуваме во брзо време да биде ставена во функција – изјави ректорката Ангелова. Салата ќе служи на околу 7 000 студенри на УКИМ и, како што беше посочено, треба значителнo да го унапреди универзитетскиот спорт.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: