Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Почна практичната работа со учениците во Драчево во рамки на проектот против врсничко насилство „Star for Life“

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во село Драчево почна практичната работа со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во село Драчево почна практичната работа со учениците во рамки на проектот „Star for Life“ чија мисија е превенција и целосно искоренување на врсничкото насилство преку едуцирање на младите за навремено препознавање на ризични ситуации, правилно реагирање и создавање пријателска училишна атмосфера.

Стручни експерти почнуваат со континуирана работа со учениците. Откако беше потпишан трипартитен меморандум за соработка помеѓу Општината Кисела Вода, училиштето и Обединета македонска дијаспора (ОМД) – Подружница Македонија, и се реализираа обуките за наставниците,  фокусот се префрла на директна работа со децата.

На настанот присуствуваше градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, а поддршка на овој процес, како што наведува Општината во соопштение,  дадоа и глобалниот генерален секретар на „Star for Life“, Џесика Грундстром Алдин, донаторите на проектот Антонијо Трпевски и Пирко Трпевски, претставниците од тимовите на „Star for Life“ и „Motivation Lift“, како и претставниците од ОМД.

Реклама

Општина Кисела Вода соопшти дека „останува силно посветена на обезбедувањето здрава, безбедна и стимулативна средина за секое дете“.

Градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска изјави дека имаат јасна мисија – превенција и искоренување на врсничкото насилство.

-Сакаме секое дете во Општина Кисела Вода да доаѓа на училиште без страв, да се чувствува безбедно, прифатено и заштитено. Преку овој проект, нашите ученици ќе научат како навреме да го препознаат булингот, како правилно да реагираат и како да си бидат искрена поддршка едни на други. Упатувам огромна благодарност до шведскиот амбасадор Ола Сулстром, кој е поддржувач на овој проект, до глобалниот генерален секретар на „Star for Life“, Џесика Грундстром Алдин, до донаторите Антонијо и Пирко Трпевски, кои ја овозможија оваа иницијатива, како и до нашите партнери од ОМД и експертските тимови на „Star for Life“ и „Motivation Lift“. Оваа заедничка цел за градење поздрава и побезбедна училишна средина можеме да ја оствариме само преку меѓусебна соработка и посветеност, истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.