Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Почна асфалтирањето на јавните паркинзи во Дебар

Почна асфалтирањето на новите јавни паркинзи во Дебар, кои се наоѓаат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна асфалтирањето на новите јавни паркинзи во Дебар, кои се наоѓаат во близина на Центарот за култура и спортската сала „Дибра“.

На увид на работите беше градоначалникот Фисник Меља, кој изјави дека работите се одвиваат со брзо темпо и наскоро граѓаните ќе имаат на располагање нови и пофункционални паркинг-простори, што ќе создаде подобри услови за граѓаните и посетителите.

– Станува збор за над 300 паркинг места, кои се наоѓаат во близина на центарот на градот. Нивното ставање во функција ќе помогне во надминувањето на проблемот со недостигот на паркинг места. Работите напредуваат со брзо темпо и наскоро граѓаните ќе имаат на располагање нови и функционални паркинзи, рече градоначалникот Меља.

Реклама

Додаде дека вкупната вредност на проектот е 16. 215.470 денари а инвеститор е самата општина, додавајќи дека како локална власт продолжуваст со реализација на конкретни проекти за поуреден и пофункционален град.

Во меѓувреме, како што потврди за МИА, директорот Генц Садику, во координација со градоначалникот Меља,  дворот и спортскиот терен на Основното општинско училиште „Пенестија“ веќе се пренаменети во паркиралиште, со цел да се намали сообраќајниот метеж, поради доаѓањето на иселениците и зголемувањето на бројот на возила.

Садику дообјасни дека влезот е од задната страна на училишната зграда а просторот може да се користи 24 часа, се до 25 август кога иселениците се враќаат во земјите каде што живеат.