Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

По долго боледување, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По долго боледување, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Таа зад себе остава богата и значајна кариера, која траеше повеќе од три децении.

Дувњак својата новинарска кариера ја почна во 1988 година во Македонска радио-телевизија, каде што работела две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на „Нова Македонија“ по што следуваше нејзиниот долгогодишен ангажман во „Утрински весник“, каде што од 1999 до 2017 година работеше како новинарка и уредничка.

Професионалниот пат го продолжи во новинската агенција „Макфакс“ во 2017 година, а една година подоцна стана дел од телевизијата „1ТВ“, каде што исто така извршуваше уредничка функција. Од 2019 година работеше во неделникот „Фокус“.

Реклама

Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот син Мартин Дувњак со емотивна порака, во која ја опишува како „жена борец, мајка каква што секое дете може само да посака и врвен професионалец“.

– Се одјави нашата мајка, жена, кралица Гордана Дувњак. Жена што не ја сакаше и не ја почитуваше само тој што ја немаше запознаено. Врвен професионалец и новинар, кој беше пример за чесност, љубов кон професијата и со став – напиша синот Мартин.

Семејството посочува дека Дувњак била столб и поддршка, посветена мајка, која дала сè за своите најблиски и за нивниот правилен животен пат.

Погребот ќе биде утре (среда) во 11 часот во капелата во Бутел, а во 12 часот на гробиштата во Бутел.

Со нејзиното заминување македонското новинарство губи искусен и посветен професионалец, чиј придонес ќе остане трајно запаметен.

Гордана  Дувњак имаше 61 година.