Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

По викендов, денеска нема прелив на браната Глажња

Вкупната количина на вода во браната Глажња во липковско изнесува 22.800.325 метри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупната количина на вода во браната Глажња во липковско изнесува 22.800.325 метри кубни вода, а во браната Липково 950.322, соопштија денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ од каде потенцираат дека има празен акумулациски простор од 1.258.877 метри кубни вода. Викендов, екипите на претпријатието, извршија контролирано испуштање на водата од Глажња кон Липково, со што оставија акумулациски простор за собирање дополнителни количини врнежи. Денеска нема прелив на браната.

-Во изминатиот два дена имавме благ прелив преку преливниот отвор на браната Глажња. Водата се акумулираше низводно во браната Липково каде што се прифатија дополнителните количини од горната брана Глажња за да не дојде до зголемување на водостојот на реката Липковка, а со тоа и на останатите реки во нашиот реон-изјави раководителот на претпријатието, Дарко Живковски.

Тој потенцира дека денеска нема прелив на браната Глажња и нивото е спуштено за десет сантиметри. Во наредниот период екипите ќе продолжат со контролирано испуштање и ќе остават простор за акумулација за нови количини врнежи. Последниве врнежи ги зголемија водостоите на реките во поширокиот кумановски регион, но од претпријатието велат дека поради превентивните активности немаше излевање и штети.