Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

По три години затвор за тројцата обвинети за депонијата „Вардариште“

Вкупно девет години затвор за предизвикувањето голем пожар на дивата депонија Вардариште. По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно девет години затвор за предизвикувањето голем пожар на дивата депонија Вардариште. По 3 години затвор добија Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи затоа што создале депонија спротивно од прописите со што предизвикале опасност по здравјето на луѓето, како и загадување на земјата и на воздухот.  

Откупувале старо железо и други материјали на импровизирани пунктови, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Законот за управување со отпад и немале основано правно лице за таква дејност. 

  • Без дозвола и документација за собирање, третман и складирање отпад создавале диви депонии спротивно на прописите на закон за зивотна средина, а со тоа предизвикале опасност по здравјето на луѓето и загадување на околината и поради тоа се осудуваат на казна затвор по 3 години“, им ја соопшти судијата пресудата на обвинетите“ рече судијката Бранка Наумовска.

Како олеснителна околност се смета тоа што се со семејства, тие се неосудувани и невработени. Тежината на кривичното дело и влијанието врз животната средина од кривичното Судот ги засмета како отежителна околност. Одбраната ќе ја обжали пресудата.

Реклама
  • „И покрај тоа што е складиран отпад без одобрение, без фирма и безлиценца, тој отпад е претежно железо и други метали и на местотот каде е складиран отпадот воопшто не е палено“ рече Костадин Веселиновски, адвокат.

Сите тројца на минатото рочиште ја признаа вината за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата со отпад. Тие тогаш изразија каење и истакнаа дека нема да го повторат делото.

Според обвинителството тие бидејќи во периодот од 2020-та, заклучно со втори септември годинава, противзаконски вршеле откуп на старо железо, стари акумулатори и други обоени метали, кои ги оставале во импровизирани објекти и пунктови, со што довеле до настанување на диви депонии. Дополнително тие не поседувале никакава лиценца за врешење на оваа дејност.