Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

🎥 По речиси цела деценија запоставеност, во затворот Шутка почнаа да се менуваат работите

Филмските бегства од затворот во Шутка стануваат речиси невозможни. Ограда над три…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филмските бегства од затворот во Шутка стануваат речиси невозможни. Ограда над три метри со бодликавата жица и над 30 нови високо квалитетни камери за поголема безбедност во истражниот затвор. Од три локации во затворот ќе се надгледуваат движењата на 285 притвореници и над 160 затвореници кои веќе имаат пресуди. Дел од нив се од висок безбедносен профил, како на пример убиецот Палчо, групата од Диво насеље и упасените членови на нарко картелите во Македонија. Новата мониторинг соба особено ќе придонесе за сречување на тепачки, кражби, дилање дрога и силувања. Директорот на затворот Бобан Утковски вели дека тие се посветени да ја зголемат безбедноста за што во минатото речиси и ништо не се вложувало.

  • Од кога сум јас назначен како директор имаме донесено 33/35 нови камери со висока резолуција и препоразнавање на ликови, поставени се на точки каде што досега не биле поставени. Направени со мониторинг соба со четири високо квалитетни телевизори, соба која што ќе биде издвоена од Дезурната. Таму пак ќе функционира истиот систем, но овој го издвојувам како од безбедносен аспект за да луѓето кои што ќе работат тука да имаат максимален фокус за извршување на работните задачи во однос на безбедноста“ вели Бобан Утковски – Директор на Истражен затвор Скопје..

Овој дел на влезот во затворот беше парче од рутата по која повеќе криминалци во минатото им  избегаа на затворските чувари. Веднаш до оградата има улица и куќи и од тука не ретко во дворот се фрлаа телефони, дрога па дури и храна и секој можеше да внесе што сака во ќелија. Сега е поставена нова ограда и бодликава жица, а според Утковски, дополнително ќе се вложи во критичните точки.  

  • Од кога била поставена оградата имало само одредени козметички решенија, беше многу ниска. Можеби во тоа време ги задоволува стандардите за штитеници кои престојуваат тука. Поинаку е, бидејќи претходно бевме во рурална средина, сега сме веќе во центарот на Општината, премногу работи ни се случуваа, имаше девијации и сето тоа да се стави на минумум одливме како тим, одлучивме да поставиме нова ограда со стандарди, безбедност од висок степен, каде што ќе нема повеќе видливост од надвор кон внатре и обратно“ вели Бобан Утковски – Директор на Истражен затвор Скопје.

Состојбата во ќелиите е далеку подобра од тоа што беше, вели Утковски, а подобри услови ќе има и за затворските полицајци. Нови униформи веќе е набавена за дел, а планот е уште за 150 затворски чувари за има унифицирана која ќе се препознава и на камерите. По неколку години, конечно се испрани ќебињата во затворот, а набавени биле и нови душеци. Сликите покажуваа ужас во затворските ќелии со мувла, лебарки и секакви инсекти, а исто беше и во собите за посети. Сега тие со опремени со нов мебел, а речиси цел затвор е варосан и хиегиената е подигната на повисоко ниво. Според Утковски низ текот на цела година ќе се прават поправки и реновирања во затворските простории.